Единици

EMail сервис


 
 
 
 
 
 

<< претходно | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | следно >>

Новости

28.11.2012  

ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА МЕЃУ УКЛО И ЕВН МАКЕДОНИЈА

Воспоставената соработка меѓу УКЛО и компанијата ЕВН Македонија добива на интензитет.

На средбата во Ректоратот што се одржа на 26.11.2012 година, проректорот проф. д-р Сашо Атанасоски и претставниците од ЕВН Македонија ги разгледаа  можностите за проширување на соработката во повеќе области како и взаемниот интерес за остварување на долгорочна научна, техничка и апликативна соработка.

Во рамките на посетата, гостите го посетија  Техничкиот факултет-Битола, при што, со менаџментот на факултетот е разговарано за начините за остварување потесна соработка во сектори од заеднички интерес.

Успешната соработка помеѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола и ЕВН Македонија се остварува неколку години наназад.

27.11.2012  

Отворен повик за конкурирање на високообразовните институции во CEEPUS мрежите за академската 2013/2014 година

CEEPUS (Central European Program for University Studies – Централно европска програма за размена во областа на универзитетските студии), како реномирана програма за поддршка и поттикнување на соработката помеѓу земјите на Централна и Југоисточна Европа, овозможува стипендии за мобиност на студенти и наставен кадар, преку креирањето интеруниверзитетски мрежи преку заедничко користење на ресурсите на институциите во мрежата.

Можноста за аплицирање за влегување во нови мрежи е веќе отворена со краен рок 15 јануари 2013 година. Постапката за аплицирање може единствено да се реализира online на www.ceepus.info

За подетални информации треба да се контактира Националната CEEPUS канцеларија во Министерството за образование и наука на РМ.

Контакт телефон: 02/3140 168

e-mail: viktorija.dinkovska@mon.gov.mk

27.11.2012  

Промотивна тура за BASILEUS и SIGMA проектите на УКЛО

ПРОМОТИВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА на ERASMUS MUNDUS ПРОГРАМИТЕ BASILEUS IV и SIGMA

 (26 – 30 ноември 2012)

  

Ден/датум

Единица на УКЛО

26.11.2012 (понеделник)

Технички факултет – Битола (11.00)

27.11.2012 (вторник)

 

Педагошки факултет (10.00 часот)

ФАМИС, Факултет за биотехнички науки, Технолошко-технички факултет (дисперзирани студии – Битола) (13.00 часот)

 

28.11.2012 (среда)

Правен факултет (13.00)

29.11.2012 (четврток)

Факултет за туризам и угостителство – Охрид (12.00 часот)

30.11.2012 (петок)

Економски факултет – Прилеп (11.00)

04.12.2012 (вторник)

 

Технолошко-технички факултет – Велес

Факултет за безбедност – Скопје

 

 

 

26.11.2012  

КОНКУРС за избор на најдобар есеј

Министерството за одбрана и

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје

во коорганизација со високо образовните институции во земјата

и со Евроатланскиот Совет на Македонија

 објавуваат

КОНКУРС

за избор на најдобар есеј на тема

„Интеграцијата на Република Македонија во НАТО и новите

 безбедносни предизвици“

кој заедно со уште девет прворангирани есеи ќе бидат презентирани на

Студентската Конференција која ќе се одржи од 18 до 19 декември 2012 година во Домот на Армијата на Република Македонија

под покровителство на

Министерот за одбрана на Република Македонија д-р Фатмир Бесими

превземи конкурс тука 

26.11.2012  

Познати добитниците на наградите за истражувачки труд и есеј

На распишаниот награден конкурс од страна на Универзитетот „Св. Климент Охридски“  - Битола за најдобар истражувачки труд и есеј на слободна тема, конкурсните комисии по определување на критериумите за вреднување на пристигнатите трудови, донесоа одлуки за најдобрите остварувања.

Награден е истражувачкиот труд:

„Анализа на улогата на различните социо-економски фактори во остварување на националната стратегија за одржлив развој на Република Македонија“, со шифра  Одржлив развој, од авторот Катерина Кимовска, Економски факултет – Прилеп

Пофалници ќе добијат Флорина Бакиевска,студент на Правен факултет – Кичево, дисперзирани студии во Битола за трудот „Дисперзираното студирање во република Македонија“ со шифра Патека 13 и Елизабета Николоска, студент на Економски факултет – Прилеп за трудот „Импликациите на кризата во Европа врз невработеноста кај земјите во Југоисточна Европа“ со шифра EU1112990

Награден е есејот:

„Смрт за смртната казна“ со шифра Losty Fox, од Наталија Трајковска, студент на Правен факултет – Кичево, дисперзирани студии во Битола.

На свеченоста која по повод 8 Декември, Патрониот празник на УКЛО, ќе се одржи на 06.12.2012 година, во хотел Епинал – Битола, на наградените учесници на Конкурсот во категориите истражувачки труд и есеј  ќе им бидат доделени плакети и парични награди.

22.11.2012  

Акцијата „Ден на дрвото“ поддржана од УКЛО

Во акцијата за раззеленување на голините која се реализираше под мотото “Спортски е да се сади“, се вклучија студентите и професорите од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Во пошумување коешто се реализираше во месноста во близина на селото Раштани, активно учество зеде и ректорот на УКЛО, проф. д-р Златко Жоглев, којшто во оваа прилика, ја нагласи поддршката на Универзитетот во оваа благордна мисија.

Вработените на УКЛО, акцијата за пошумување ја  проширија и во дворот на спортската сала „Павел Шатев“. Во облагородувањето на овој простор, засадени се дваесетина садници од јасмин, јоргован и багрем.

Инаку, ова беше деветта по ред акција за пошумување на голините која се остварува под мотото „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“.

15.11.2012  

НАГРАДЕН КОНКУРС - Владимир Костов

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битолa, врз основа на воспоставената награда Владимир Костов распишува

НАГРАДЕН КОНКУРС

        за краток расказ на слободна тема во следните категории

 

I.    студенти

II. професори, соработници и вработени на УКЛО

Критериуми и услови:

·  Право на учество на Конкурсот имаат студентите на прв и втор циклус студии на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола во академската 2012/2013 година

·  вработени на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола

·  Краткиот расказ  се изработува на слободна тема, притоа,  да не е претходно објавен

·  расказот не треба да биде подолг од 5 страници, во формат А4, со големина на буквите 12, проред 1,5, Times New Roman со кирилична поддршка.

·  Краен рок за доставување на расказите е 15.02. 2013 година

Начин на доставување на расказите:

·  Краткиот расказ се доставува во поголем плик, во три примероци во материјална и еден примерок во електронска форма, под шифра. Во истиот плик, се става помал, запечатен плик во кој се наведуваат: името и презимето, насловот на расказот, шифрата со која се конкурира, бројот на индексот(за студентите)  и називот на високообразовната институција во која студира односно работи учесникот на Конкурсот.

·  Доставувањето може да се врши лично, во архивата на Универзитетот или на адреса: Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, Булевар 1-ви Мај бб 7000 Битола.

·  Кратките раскази ќе ги оценува посебна Комисија  

 Поблиски информаци на телефон: 047 223 788, локал 109 или на elizabeta.atanasoska@uklo.edu.mk

betiatanasoska@gmail.com

14.11.2012  

ВАЖНО: АПЛИЦИРАЊЕ ЗА СТУДЕНТСКА МОБИЛНОСТ

Во рамките на ЕРАЗМУС МУНДУС Акција 2 Програмата финансирана од Европската комисија УКЛО учествува во 2 проектни конзорциуми/партнерски мрежи:

БАЗИЛЕУС и СИГМА.

За студентите и кадрите се отвораат извонредни можности за аплицирање и престој на некој од 19-те универзитети во земјите на ЕУ  ( Белгија, Велика Британија, Франција, Германија, Шведска, Италија, Шпанија,  Полска, Бугарија,Словенија, Холандија, Австрија).

Повиците за пријавување ќе бидат отворени:

од 14 ноември 2012 година за БАЗИЛЕУС

од 1 декември 2012 година за СИГМА

а рокот за поднесување на потребните документи е до 1 февруари 2013 година.

Повеќе информации на веб страната на УКЛО, на  веб страните на факултетите и во Канцеларијата за меѓународна соработка во Ректоратот на Универзитетот.

Линк до веб страните на програмите:

www.basileus.ugent.be

www.sigma.uw.edu.pl

13.11.2012  

ПРОГРАМИ ЗА СТУДИРАЊЕ ВО САД

Во рамките на „Меѓународната недела на образованието 2012“, во Американското катче – Битола сите заинтересирани средношколци, студенти, постдипломци, образовни институции и невладини организации имат можност да се запознаат со програмите за студирање во САД.

Освен информативни презентации, ќе може да се слушнат и лични искуства на лица коишто биле дел од овие програми, заклучно со  16-ти ноември 2012 година.

Интересентите може да ја посетат и Фејсбук страницата на Американското катче Битола.

30.10.2012  

Нова можност за упис на постидипломски студии на УКЛО

Со цел, да им се излезе во пресрет на сите зинтересирани кандидати за запишување и студирање на постдипломски и специјалистички студии на УКЛО, Ректорската управа на 153-та седница донесе Одлука за објавување дополнителен уписен рок за втор циклус студии на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Пријавувањето на кандидатите ќе се спроведува од 12-ти до 19-ти ноември, а запишувањето на примените кандидати ќе се реализира на 21 ноември 2012 година.

Според Конкурсот за упис на студенти на втор циклус универзитетски студии во акдемската 2012/2013 година, вкупниот број слободни места за едногодишни и двегодишни  студии изнесува 2305.

УКЛО годинава промовира уште една можност за поддршка на најдобрите студенти: пет проценти од најдобро рангираните на секоја студиска програма да бидат ослободени од плаќање за академската 2012/2013 година.

преземи конкурс

30.10.2012  

ОБЈАВЕНО ДОПОЛНУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ ЗА ТРЕТ ЦИКЛУС – ДОКТОРСКИ СТУДИИ НА УКЛО

Ректорската управа на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола на 153-та седница донесе Одлука за објавување Дополнување на Конкурсот за запишување студенти на трет циклус – докторски студии во академската 2012/2013 година.

По добивањето решение за акредитација на три студиски програми на Економскиот факултет – Прилеп, можноста за студирање во третиот циклус  на УКЛО се проширува.

Идните докторанти може да се запишат на пет вискообразовни институции на вкупно 16 студиски програми и да конкурираат за едно од 105-те слободни места.

преземи конкурс

29.10.2012  

Најдобри студенти од УКЛО остварија средба со Претседателот Иванов

галерија

Претседателот на Република Македонија, НЕ Ѓорге Иванов се сретна со најдобрите студенти од УКЛО кои постигнале највисок просечен успех во втора студиска година.

На средбата кај Претседателот на државата, што се одржа на 29 октомври 2012 година, присуствуваа 30-на студенти од факултетите по општествени науки. Станува збор за студенти од Правниот факултет, Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи, Факултетот за Безбедност, Економскиот факултет, Педагошкиот факултет и Факултетот  за туризам и угостителство, единици на УКЛО.

Честитајќи им го досегашниот постигнат успех, Претседателот Иванов ги слушна нивните размислувања, идеи  како и предизвиците со кои се соочуваат. 

Целта на средбата е да се поддржи  креативноста и иновативноста кај студентите и   да им се даде поттик  да продолжат по патот на успехот.

24.10.2012  

Можност за вработување на машински инженери од УКЛО

повеќе..

22.10.2012  

ПУШТЕНИ ВО УПОТРЕБА ДВЕ ЛАБОРАТОРИИ НА ТЕХНИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ - БИТОЛА

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски и Министерот за образование и наука, Панче Кралев на 20.10.2012 година предадоа во употреба две нови лаборатории на Техничкиот факултет – Битола, единица на УКЛО.

На настанот присуствуваа ректорот на УКЛО, проф. д-р Златко Жоглев и деканот на Техничкиот факултет, проф. д-р Весна Ангелевска.

Лабораторијата за сообраќај и транспорт е опремена со голем број модерни софистицирани компјутери на кои се инсталирани моќни софтвери кои ќе се користат во областа на сообраќајот и транспортот

Со отворањето на лабораторијата за изучување на странски јазици ќе се овозможи работа во помали групи и  примена на најсовремени наставни методи за стекнување на потребната јазична компетенција на студентите.

Двете нови лаборатории на Техничкиот факултет – Битола претставуваат дел од Владиниот проект за опремување на 190 лаборатории.

22.10.2012  

Промоција на лабораторија за учење на далечина на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид

На Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, единица на УКЛО, промовирана е Лабораторија за учење на далечина. На настанот присуствуваа Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, Министерот за образование и наука, Панче Кралев и ректорот на УКЛО, проф. д-р Златко Жоглев.

Лабораторијата за учење на далечина содржи најмодерна опрема за следење настава на далечина, вредна два милиони денари обезбедени од Министерството за образование и наука.

Од Факултетот за туризам и угостителство - Охрид информираат дека опремата засега ќе се користи за потребите на дисперзираните студии на Факултетот за туризам во Велес и за соработка со останати високообразовнии установи.

На промоцијата е најавено дека со користење на лабораторијата, студентите  ќе може да следат наставата од која и да било локација ако имаат пристап до интернет мрежата и соодветен софтвер за поврзувување. Со помош на оваа опрема, на академскиот кадар и студентите им се овозможува остварување поквалитетна соработка.

20.10.2012  

Можности за користење на HEPSEU базата податоци

HEPSEU (Higher Education Programmes and Scholarships in European Contries) базата податоци овозможува пристап до информации за програми и стипендии во високото образование и тоа:

-          повеќе од 1,5 милион стипендии и грантови за студенти, академски и стручен  кадар, лектори, истражувачи и дипломци, заинтересирани да ги започнат или продолжат студиите во сопствената земја, во европска или друга странска држава;

-          повеќе од 100 000 програми во високото образование (дипломски, магистерски и докторски) наменети за студенти, академски и стручен  кадар, лектори, истражувачи и дипломци заинтересирани да студираат во европските земји (предвидени се стипендии и грантови);

-          сите заинтересирани декани на факултети, директори и раководители на сектори, академски и соработнички кадар ќе можат да ја искористат HEPSEU базата податоци како референца при споредувањето и следењето на критериумите потребни за изготвување и усовршување на студиските програми.

 

За подетални информации посетете ја веб страната на HEPSEU: www.hepseu.com

19.10.2012  

Конкурс за стипендии - Open Society Foundations / Cambridge Scholarships 2013-14

Фондацијата отворено општество, во партнерство со Кембриџ фондовите за странство, нудат можност за стипендирање на кандидати од Република Македонија  кои сакаат да студираат на едногодишни постдипломски студии на Универзитетот во Кембриџ, Велика Британија во следниве насоки: Conservation Leadership, Environmental Science or Policy, Society and Development, Gender Studies, Public Health и Law, преку заеднички финансирана стипендиска програма.
 
Краен рок за аплицирање: 15 Ноември

Конкурс за пријавување

Формулар за аплицирање


Локален претставник на отворено општество стипендии во Македонија:
Младински образовен форум - МОФ
Ул. „Дренак“ 34 А, Кисела Вода
1000 Скопје, Македонија
+ 389 2 3139 692
www.mof.org.mk
 
Лице за контакт:
Бојана Низамовска
Email: aec@mof.org.mk

15.10.2012  

Можност за објавување трудови во Science Journal Publication

Science Journal Publication е академски издавач којшто овозможува отворен пристап до 16 списанија од следниве научни области: агрокултура, биологија, инженерство, технологија, медицина, физика и општествени науки, како и објавување оригинални трудови за базични и применети истражувања, критички прегледи, анкети, мислења, коментари и есеи. Заинтересираните кандидати своите научни трудови да ги достават на сл. адреса: sjpubsubmit@hotmail.com

Во рок од 2 недели по доставувањето на трудовите, авторите повратно ќе бидат известени во врска со нивното објавување.

05.10.2012  

НОВО! Резултати од ИПА Програмата за Прекугранична соработка помеѓу Р.Македонија и Р.Грција (2007-2013)

Објавени се резултатите од 2-от Повик на Програмата за прекугранична соработка помеѓу РГрција и РМакедонија, во чиишто рамки на УКЛО му е одобрен грант за предлог проектот на Високата медицинска школа регистриран под бр.2967 со наслов Deliver Pre-School Alternative services и акроним Early childhood care, додека проектот регистриран под бр.3009 со наслов Fostering Energy Efficiency Actions in Cross Border Region Through Solar Knowledge Transfer и акроним Foster предложен од Техничкиот факултет е на резервната листа.  Дополнително, на ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид, којшто е придружна членка на Универзитетот му е одбрен грант за проектот регистриран под бр.3054 со наслов Common support  structures for the quality monitoring of water resources and the protection of public health и акроним Safe – Wet.

Деталите се достапни на веб страната на Програмата:

http://www.ipa-cbc-programme.eu

28.09.2012  

Нов број на списанието WBC-INCO Net

Објавен е новиот број на електронскиот информатор WBC - INCO Net (проект за координирање на истражувачките политики во земјите од Западен Балкан) во којшто се содржани најнови вести, статии, настани, линкови и документи, како и тековни и идни повици за земјите од Западен Балкан . Превземи тука.

25.09.2012  

Отворени ФП7 повици за 2013 година

Европската Комисија ги објави најновите, воедно и последни повици во рамки на ФП7 Програмата за истражување и развој.

Подетални информации:

http://ec.europa.eu/research/participants/portal/page/fp7_calls

25.09.2012  

НОВО! НОВО! ЗА СТУДЕНТИТЕ И ОСТАНАТИТЕ КАДРИ НА УКЛО! BASILEUS IV

Проектот Basileus IV во рамките на Програмата ERASMUS MUNDUS Act. 2 веќе стартува. На линкот што следи ќе ги пронајдете сите детални информации за повикот што се отвора на 15 ноември 2012 година.

 http://www.basileus.ugent.be/index.asp?p=98&a=98

25.09.2012  

ОТВОРЕН НОВ ФУЛБРАЈТ ПОВИК!

Отворен е повикот за Фулбрајт студиската програма 2013-2014  за пост-докторска едукација /2013-2014 Fulbright Scholar Program (Post-Doctoral) in the United States (NON-DEGREE)

повеќе

21.09.2012  

НАСТАН ВО ЧЕСТ НА ВЛАДИМИР КОСТОВ И НЕГОВИОТ 80 РОДЕНДЕН

Почитувачите на ликот и делото на писателот  Владимир Костов одадоа пригодно признание на неговото творештво и 80-от роденден. На настанот, организиран од универзитетскиот литературен клуб „Дениција“ што се одржа на 21 септември 2012 година, во просториите на Универзитетот, зграда на поранешна Касарна, свое обраќање имаше ректорот, прф. д-р Златко Жоглев.

Заблагодарувајќи се на присутниот аудиториум, меѓу кои претставници од семејството на Костов, Друштвото на писателите на Македонија, Битолскиот книжевен круг, Научното друштво и од академската јавност, низ 80 пригодни реченици како своевидна симболика за годините живот на великанот на краткиот расказ Владимир Костов, Ректорот се осврна на повеќе јубилеи од неговото творештво и квалитетот создаван низ неговата филозофска, животна и  исклучителна човечка топлина. 

Во рамките на пригодната манифестација по повод одбележувањето на 80-от роденден на раскажувачот и прозаист Владимир Костов,  сеќавања  за настани поврзани со животот и творештвото на славеникот, оживеа професорот во пензија Александар Стерјовски, по што, низ колажна, говорно – музичка програма беа интерпретирани извадоци од книжевниот опус на авторот.

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола статусот на заслужен деец од областа на литературното творештво на писателот Владимир Костов му го довери со доделувањето титула почесен доктор на науки и востановувањето на Конкурсот за краток расказ што го носи неговото име, истакнувајќи ја притоа и грижата за унапредување на книжевениот и културен живот што се остварува на УКЛО.

17.09.2012  

ПРИГОДНО ОДБЕЛЕЖАН НОВИОТ АКАДЕМСКИ ПОЧЕТОК

Првиот академски час за новата генерација студенти на сите единици на УКЛО  започна на 17 септември 2012 година.

На првиот академски ден, Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола проф. д-р Златко Жоглев се обрати пред бруцошите по нутриционизам и право на дисперзираните единици во Битола.

Настанот се одржа во 11 часот во просториите нa Универзитетот, во зградата на поранешната Касарна, со што, пригодно е одбележан почетокот на новата академска година 2012/2013 за новозапишаните студенти на УКЛО.

Во своето обраќање до студентите, ректорот, проф. д-р Златко Жоглев се осврна на неколку предизвици пред кои е исправен Универзитетот, потенцирајќи ги вредностите на единство, почитување и солидарност.

На новата генерација академски граѓани, Ректорот им укажа на значењето на образованието како една од човечките доблести исто како и стекнувањето знаења и им посака успешно завршување на студиите.

<< претходно | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | следно >>

xxxx