Единици

EMail сервис


 
 
 
 
 
 

<< претходно | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | следно >>

Новости

21.02.2013  

НОВО! АПЛИЦИРАЊЕ ЗА СТИПЕНДИИ ЗА МЛАДИ ИСТРАЖУВАЧИ

Coimbra Group, преку својата Програма за стипендии, го објави on-line повикот за аплицирање за млади истражувачи, за 2013 година. Апликацијата и деталите во врска со Програмата се достапни на www.coimbra-group.eu/sp

07.02.2013  

УКЛО и Универзитетот во Ница со нови перспективи за соработка

Ректорот, проф. д-р Златко Жоглев, на 07 февруари 2013 година, оствари едночасовна средба со проф. д-р Стефан Нго Маи, проректор на Универзитетот во Ница, задолжен за стратегија и развој. Во текот на средбата стана збор за повеќе прашања коишто се од интерес за соработката помеѓу двата универзитети : продолжувањето на рамковниот договор за соработка и партнерството во европските проекти TEMPUS, ERASMUS LLLP и ERASMUS MUNDUS. Дополнително, се иницираа и повеќе  специфични проекти како што се воспоставувањето на двојни дипломи во областа на економските науки, меѓународното  вмрежување на универзитетите што нудат едукација во областа на туризмот, идните проекти од интерес на педагошките факултети, учеството на студенти и кадри од УКЛО на летните универзитети во Ница и сл.

Посетата на проректорот Нго Маи доаѓа во период кога Универзитетот во Ница активно учествува во реализација на докторските студии на Економскиот факултет  во Прилеп во рамките на  TEMPUS DOCSMES проектот и особено е значајна заради фактот што тој ја има советодавната улога на  овој универзитете во поглед на долгорочната институционална стратегија што ги опфаќа и релациите со надворешните партнери на универзитетот.

Договорот со Универзитетеот во Ница, Софија Антиполис датира уште од 27 ноември 2003 година.

06.02.2013  

НОВО!!! Повик за објавување трудови во списанија на ARPN Publishers

Повик

05.02.2013  

Посета на Универзитетот во Љубљана

Ректорот на УКЛО, проф. д-р Златко Жоглев, на крајот од јануари, 2013 година, оствари посета на Универзитетот во Љубљана. За време на престојот на Љубљанскиот универзитет, тој имаше официјална средба со неговиот домаќин и колега, ректорот, проф. д-р Радован Станислав Пејовник.

Во разговорите е истакната подготвеноста за соработка меѓу двата универзитети како и за иницијативите на планот на мобилност на студентите и на академскиот кадар, како и за други можности што ќе ја јакнат меѓуинституционалната соработка.

Ректорот на УКЛО, проф. д-р Златко Жоглев при посетата на Универзитетот во Љубљана оствари средба и со проректорката за додипломски и магистерски студии, проф. д-р Јулијана Кристл.

31.01.2013  

Експерти за советодавни групи во Хоризонт 2020: Отворен повик за изразување интерес

Европската Комисија ја проширува својата потрага по експерти коишто ќе учествуваат во креирањето на агендата на програмата Хоризонт 2020, програма за истражување и иновации, а којашто во иднина ќе се финансира од страна на Европска Унија. Експертите во советодавните групи, ќе обезбедат висок квалитет и навремено советување за подготовка на повиците за проектни предлози, што ќе се објавуваат во рамки на оваа програма.

Краен рок за изразување интерес:

06.03.2013 г. (до 17.00 час. според Бриселско локално време)

Подетални информации на следниот линк:

http://ec.europa.eu/research/horizon2020/index_en.cfm?pg=h2020-experts#profiles

30.01.2013  

ВАЖНО! ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ И ЗА BASILEUS!

Информација за сите заинтересирани студенти и кадри од УКЛО: можноста за аплицирање за мобилност во рамките на ERASMUS MUNDUS BASILEUS програмата се продолжува до 3 февруари 2013.

28.01.2013  

ВАЖНО! ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА SIGMA!

Информација за сите заинтересирани студенти и кадри од УКЛО: за можноста за аплицирање за мобилност во рамките на ERASMUS MUNDUS SIGMA програмата се продолжува до 17 февруари 2013.

24.01.2013  

МОЖНОСТ ЗА ПОЧЕТОК И РАЗВОЈ НА КАРИЕРА ВО ЕВН МАКЕДОНИЈА

                                                                                                                                                                    

МОЖНОСТ ЗА ПОЧЕТОК И РАЗВОЈ НА КАРИЕРА ВО ЕВН МАКЕДОНИЈА

 

Во рамките на соработката помеѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски" - Битола  и ЕВН Македонија, а во насока  на професионално усовршување на млади, ЕВН Македонија отвора повик за развојот на кариера на млади и амбициозни лица  за нивно стручно и професионално усовршување преку проектот Trainees 2013.

Проектот Trainees 2013  нуди можност за почеток и развој на кариера преку 1 (едно) годишна работа и специјализација на точно определенаа практика.

 

Рокот на пријавување: до 30 Јануари 2013 година.

 

ЕВН Македонија континуирано го поддржува професионалниот развој на млади и амбициозни луѓе, за таа цел и оваа година го промовира проектот Trainees 2013 кој е дел од традицијата на компанијата за континуирано вложување во стручното и професионално усовршување на младите кадри.

 

ЕВН Македонија со проектот Trainees 2013

Нуди одлична можност за почеток и развој на кариера преку едногодишна работа, ротација во повеќе организациски единици и специјализација на точно определена проблематика

                   Услови за аплицирање за учество во програмата:

 

  • Апсолвенти или дипломирани во последните три години

или студенти на последипломски студии на:

1)  Електротехнички факултет - електро енергетика

2)  Општествени науки - економски, HR

  • Познавање на англиски и/или германски јазик;
  • Познавање на Microsoft Office пакетот;
  • Желба за надоградување и продлабочување на стекнатото знаење;
  • Комуникациски и презентациски вештини, лидерски способности, флексибилност и тимски дух;

 

 ПРИЈАВЕТЕ СЕ ВЕДНАШ !

 

Испратете Ваше CV-кратка биографија и мотивациско писмо најдоцна до 30.01.2013 год. на e-mail: trainees2013@evn.mk Сите кандидати кои ги исполнуваат критериумите имаат еднакви можности за избор. Изборот ќе се врши со претходно тестирање и интервјуирање на кандидатите од страна на специјализирана консултантска компанија. По  завршување на едногодишната програма ЕВН Македонија нуди можност за редовно вработување на најуспешните учесници.

24.01.2013  

ЗА СТУДЕНТИТЕ НА УКЛО:НОВ ERASMUS LLP ПОВИК

ЗА СТУДЕНТИТЕ НА УКЛО:НОВ ERASMUS LLP ПОВИК

Нова можност да аплицирате за мобилност во рамките на ERASMUS Програмата за доживотно учење. Ако сте заинтересирани дел од своите студии да поминете на некој од универзитетите во ЕУ, консултирајте се со координаторите на програмата на вашата единица, а за дополнителни информации во врска со Програмата можете да се обратите и до Канцеларијата за меѓународна соработка на УКЛО (телефон: 047 242 278, e-mail: kaliopa.stilinovic@uklo.edu.mk и nurten.sulejmani@uklo.edu.mk).

23.01.2013  

МОЖНОСТ ЗА ПРАКТИКАНСКА РАБОТА ВО ArcelorMittal

МОЖНОСТ ЗА ПРАКТИКАНСКА РАБОТА  ВО

 ArcelorMittal 

Во рамките на соработката помеѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски" - Битола  и компанијата ArcelorMittal, а во насока  на професионално усовршување на млади,  ArcelorMittal, нуди можност за спроведување на практикантска работа за следните позиции:

ОДДЕЛ:  Безбедност и здравје (2 позиции)

-         Студенти на машински факултет (завршна година или дипломирани)

-         Одлично познавање на Англиски јазик

-         Одлично познавање на word, excel, power point

-         Времетраење: минимум 1 месец со 8 работни часа (или по договор)

За време на практиканската работа, студентите ќе се стекнат со познавање на:

 

< Арцелор Митал стандардите за безбедност и здравје и

< OHSAS 18001 стандардот за здравје и безбедност

 

ОДДЕЛ:  Човечки ресурси и правни работи (1 позиција)

-         Студенти од било кој факултет-предност имаат студентите со завршен или студенти на завршна година на студии на Економски факултет

-         Одлично познавање на Англиски јазик

-         Одлично познавање на word, excel, power point

-         Времетраење: минимум 1 месец со 8 работни часа (или по договор)

За време на практиканската работа, студентите ќе се стекнат со познавање на:

< HR Практика цо Арцелор Митал

 

Отворентата пракса ќе се одвива во СКОПЈЕ започнувајќи од 10 Фебруари 2013 година

 

РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ:   Најдоцна до 29 Јануари 2013 година

 

Повеќе информации моѓете да најдете на страната на Арцелор митал: 

http://www.arcelormittal.com/corp/

 

Заинтересираните студенти да се пријавуваат на следната адреса:

 HR.Skopje@arcelormittal.com

09.01.2013  

Стипендии за ЕМ2 СИГМА

Целосни стипендии на Европската комисија во рамките на Еразмус Мундус Акција 2 Проектот СИГМА наменети за студенти, истражувачи, академски и административен кадар од земјите на Западен Балкан, за европските партнерски универзитети од Австрија, Германија, Франција, Италија, Полска, Шведска, Холандија и Велика Британија. Сите студиски области се достапни.

Аплицирајте веднаш на: www.sigma.uw.edu.pl 

http://www.facebook.com/ErasmusMundusSigma

Краен рок за аплицирање: 1 февруари 2013.

25.12.2012  

УСПЕШНО СПРОВЕДЕНА НАДВОРЕШНА РЕВИЗИЈА СПОРЕД СТАНДАРДОТ ISO 9001/2008

Во рамките на определбата за квалитет во работењето и примена на стандардот ISO 9001:2008 во процедурите преку QMS документацијата, на УКЛО беше спроведена надворешена ревизија од страна на лиценцираната ревизорска куќа SGS од Велика Британија. Екстерната ревизија ги опфати процедурите за коишто е надлежна Централната стручна и административна служба.

По спроведената проверка на процедурите и квалитетот на нивната реализација, ревизорскиот тим изготви Извештај во кој е констатирано дека Ректоратот на УКЛО во целост ги исполнува пропишаните критериуми според ISO 9001:2008.

18.12.2012  

Награда за веб сајтот на УКЛО

На третиот избор на најквалитетни интернет-медиуми што се одржа на 13 декември, во Инфо центарот на Европската Унија во Скопје, меѓу најдобрите сајтови е веб страницата на УКЛО.  

Категоризиран на второ место, веб сајтот на УКЛО има за цел со опфатот и публикуваните настани и новости, да ги направи подостапни информациите што се поврзани со целокупното работење на Универзитетот.

Добивањето на виското признание за УКЛО е обврска и во наредниот период да продолжи со  зголемено темпо  да го надградува квалитетот на информациите.

Изборот „Сајт на годината“ е во организација на Media Solutions.  Манифестацијата се одвива со цел да придонесе кон развојот на домашните веб-страници и да додели сертификати и признанија на луѓето и институциите што работат во развојот на онлајн-медиумите во земјава.

18.12.2012  

ОДРЖАН ИНФО САЕМ НА УКЛО

На 18 декември 2012 година, во големиот амфитеатар на Техничкиот факултет се одржа презентација и саемско претставување на европски партнери на УКЛО во рамките на ERASMUS MUNDUS Акција 2 програмите, како дел од промотивната кампања по земјите на Западен Балкан.

На настанот, претставници на Универзитетот во Варшава (координатор на SIGMA програмата) и Техничкиот универзитет од Вроцлав, Полска, Универзитетот во Гент, Белгија (координатор на BASILEUS програмата), Универзитетот во Лунд, Шведска (партнер во двете програми) и Универзитетот во Сараево, БиХ (ко-координатор на програмата JoinEUSEE) презентираа дел од академската понуда на своите универзитети како и општите услови за аплицирање во рамки на ЕМ програмите, во насока на нивно приближување до потенцијалните апликанти од УКЛО.

Можноста за on-line аплицирање на студентите, академскиот и соработничкиот кадар, за сите програми, е отворена до 1 февруари 2013, преку следниве web-страници: www.basileus.ugent.be и www.sigma.uw.edu.pl

16.12.2012  

Делегација од универзитетот од Текирдаг во посета на УКЛО

Делегација на Намик Кемал Универзитетот од Текирдаг, предводена од ректорот проф.д-р Осман Шимшек, оствари посета на Универзитетот „Св. Климент Охридски“  – Битола.

Домаќин на гостите од Турција беше ректорот на УКЛО,проф. д-р Златко Жоглев. Во разговорите е истакната отвореноста и подготвеноста за соработка меѓу двете страни, при што беа споменати некои конкретни можности за нивна  операционализација.

Во рамките на посетата, делегацијата  од Универзитетот од Текирдаг  го посети  Заводот и музеј во Битола и Спомен собата на Кемал Ататурк. Престојот во Македонија, гостите од овој пријателски универзитет го заокружија со посета на Охрид и Скопје.

13.12.2012  

Свеченост за првите дипломци од Правниот факултет - Кичево

На пригодна свеченост доделени се дипломите на Првата генерација завршени студенти на Правниот факултет – Кичево, единица на УКЛО. Честитки за успешно завршените студии до дипломците упатија министерот за образование и наука, Панче Кралев  и  ректорот на УКЛО, проф. д-р Златко Жоглев, кои во знак на внимание, доделија дипломи на завршени студенти и пет парични награди за најдобрите.

Министерот за образование и наука, Панче Кралев истакна дека Правниот факултет со седиште во Кичево е формиран со одлука на Владата на Република Македонија  во 2008 година, кога е запишана првата генерација студенти и тоа: 143 студенти во Кичево и 111 студенти на дисперзираните студии во Битола. Во наредната година во рамките на факултетот се отворени и дисперзирани студии во Струга, а во учебната 2012/2013 година, Правниот факултет - Кичево започна со втор циклус студии по Деловно и Mеѓународно право на кои се запишани вкупно 57 постдипломци.

Започнувањето со работа на Правниот факултет - Кичево е логичен след на порастот на потребата од високообразовани правници кои аргументирано, со објективен приод ќе придонесат за подобрување на општите услови на локален, регионален и национален план, истакна ректорот, проф. д-р Златко Жоглев,  потсетувајќи дека факултетот нуди студиски програми по правни студии коишто се значително интересни за секој млад човек.

Деканот, проф. д-р Илија Тодоровски нагласи дека во историјатот на факултетот ќе бидат вклучени и 66-те дипломци, како Првата генерација завршени студенти на Правниот факултет – Кичево.

11.12.2012  

ИНФО САЕМ НА УКЛО

На 18 декември (вторник), 2012 година, во 10,00 ч. во големиот амфитеатар на Техничкиот факултет – Битола, ќе се одржи централна презентација на можностите за мобилност во рамките на BASILEUS, SIGMA и JOINEUSEE, за сите заинтересирани студенти, академски кадар и пошироката јавност.
повеќе

11.12.2012  

Прва меѓународна конференција за студенти на докторски студии: Современи истражувачки текови во економијата, бизнисот и менаџментот

повеќе

07.12.2012  

ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ДЕН НА УКЛО

Во рамките на одбележувањето на 8 Декември, Патрониот празник на УКЛО, на 06.12.2012 година, се одржа пригодна свеченост на која свое обраќање  имаше Ректорот, проф. д-р Златко Жоглев. Нагласувајќи ја 33 годишната богата едукативна дејност на УКЛО, Ректорот се осврна и на континуираниот развој на Универзитетот и неговиот придонес во севкупниот  развој на високото образование и науката во Република Македонија, нагласувајќи дека она што е реализирано во изминатиот период и она што денес се остварува на Универзитетот претставува одлична основа за нови достигнувања и успеси.

Универзитетеот, дополнително доби на значење со промоцијата на три значајни академски моменти, доделување звања почесени професори на д-р Алекса Бјелиш, Ректор на Универзитетот во Загреб, д-р Мајкл Дозер, научник од ЦЕРН Женава, и д-р  Петер Рау, германист.

На свеченоста, беа доделени награди за најдобро дипломираните студенти во академската 2011-2012 година како и награди за најдобрите остварувања на Конкурсот за истражувачки труд и есеј.

Во рамките на чествувањето на Патрониот ден на УКЛО повеќе делегации положија цвеќе пред споменикот на Св. Климент, во Ректоратот на Универзитетот.

07.12.2012  

СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА

Ректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола проф. д-р Златко Жоглев, придружуван од неговиот хрватски колега, проф. д-р Алекса Бјелиш, ректор на универзитетот во Загреб и професорите д-р Мајкл Дозер и д-р Петер Рау, оствари средба со Претседателот на државата, Н. Е Ѓорге Иванов.

Приликата беше искористена за да Претседателот на државата се запознае со одржаните свечености по повод одбележувањето на Патрониот ден на УКЛО, а посебно со промоцијата во звањето Почесен професор (Professor Honoris Causa) – чин со којшто се вреднуваа академските, научно-истражувачките и општествените постигнувања на новите, еминентни носители на оваа висока дистинкција : д-р Бјелиш, д-р Дозер и д-р Рау .

Претседателот на државата, г-дин Ѓорге Иванов, искажа безрезервна поддршка за напорите на УКЛО да ја продлабочува и унапредува академската соработка, истакнувајќи дека низ ваквите релации се промовира и македонската наука, култура и традиција на меѓународен план.

07.12.2012  

Меѓународна конференција во организација на Факултетот за безбедност

Меѓународна научна конференција на тема Балканот меѓу минатото и иднината: безбедност, решавање на конфликти и евроатлантска интеграција. Конференцијата ќе се одржи во Охрид, Република Македонија во периодот од 29 мај до 01 јуни 2013 година.

Теми
1.Конфликти и решавање на конфликти на Балканот ретроспектива, вклучувајќи:
2.Балканот, националните држави и европската интеграција, вклучувајќи:
3.Регионалната соработка и /или евроатлантска интеграција на Балканот
4.Безбедносните проблеми и ризици поврзани со меѓународното право и трговијата, вклучувајќи:
5.Демократија, правна држава, човекови права, вклучувајќи:
6.Безбедноста во ерата на паметната технологија, вклучувајќи:
7.Безбедносните дилеми и геополитички движења во Меѓународните односи – со посебен осврт на промените на Блискиот и средниот исток, Источна Европа и западна Азија

Сите заинтересирани учесници треба да испратат апстракт од 300 до 500 збора на следнава адреса: conference2013@fb.uklo.edu.mk најкасно до 31 јануари 2013

Креаен рок за доставување на целиот труд е 25 март 2013
Сите трудови коишто ќе бидат прифатени и презентирани на конференцијата ќе бидат објавени во посебна публикација
Работни јазици на конференцијата се англискиот и македонскиот јазик
Сите информации поврзани со конференцијата авторите ќе ги добијат на нивната електронска адреса и истите ќе бидат објавени на посебната страна на конференцијата.

06.12.2012  

Спортски натпревари по повод Патрониот празник

Во спортската сала “Павел Шатев“ и во студентскиот дом „Кочо Рацин“ во чест на Св. Климент, Патронот на УКЛО,  се одржаа натпревари во  мал фудбал, ракомет,  шах и пинг-понг.

Спортските активности се дел од натпреварите од Државните Универзитетски Лиги на Република Македонија кои се одржуваат во рамките на манифестацијата „Денови на Универзитетскиот спорт во Битола

Гости - учесници на спортските натпревари беа студентите од Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип и ФОН Универзитетот од Скопје.

05.12.2012  

ПРЕДАВАЊЕ ПО ПОВОД ПАТРОНИОТ ДЕН НА УКЛО

Во   придружните манифестации поврзани со достојното одбележување на 8 Декември,  Патрониот ден  на УКЛО, на 06.12. 2012 година, светски познатиот истражувач и научник, проф. д-р Мајкл Дозер, од ЦЕРН, Женева, кому што од страна на УКЛО, на свеченоста по повод Патронатот, ќе му биде доделено звањето почесен професор, за академскиот кадар и студентите на  Техничкиот факултет – Битола ќе одржи предавање во кое ќе бидат опфатени најновите научни сознанија поврзани со сегашните истражувања во ЦЕРН, Европскиот центар за нуклеарни истражувања во Женева.

Предавањето кое се очекува да предизвика голем интерес ќе се одржи во 9 часот, на Техничкиот факултет – Битола.

05.12.2012  

ПРОМОВИРАНИ ДОКТОРИ НА НАУКИ

Во рамките на одбележувањето на Патрониот ден на УКЛО, на пригодна свеченост што се одржа на 05.12.2012 година, во Салата за состаноци на Ректоратот во комплексот Касарни - Битола, промовирани се доктори на науки на Универзитетот „Св.Климент Охридски" - Битола.

Ректорот проф. д-р Златко Жоглев за доктори на науки ги прогласи:

1.   Тони Паспаловски, Доктор на науки од областа на техничките науки, Технички факултет - Битола, наслов на докторската дисертација: „ Зголемување на моќноста на големи турбогенератори со осврт на типовите ТВВ-200-2А "

2.      Никола Смилков, Доктор по педагогија од областа на методиките,  Педагошки факултет - Битола, наслов на докторската дисертација: „Развојот на ликовните способности кај децата од раноучилишна возраст при претставувањето на тридимензионалниот концепт во моделирањето на човечката фигура"

3.      Гордана Тасевска, Доктор по менаџмент во образованието, Педагошки факултет - Битола, наслов на докторската дисертација: „Улогата на високообразовните организации во моделирањето и реализирањето на професионалната практика на студентите од додипломските студии"

4.      Горан Стојановиќ, Доктор на науки од областа на туризмот и угостителството, Факултет за туризам и угостителство - Охрид, наслов на докторската дисертација: „Управување со човечките ресурси во угостителските објекти од областа на образованието во Република Србија"

5.      Јасминка Кочоска, Доктор по педагогија од областа на методиките, Педагошки факултет - Битола, наслов на докторската дисертација: Демократизација на процесот на изучување на наставните содржини по П и О"

6.      Марија Котевска Димовска, Доктор по менаџмент во образованието, Педагошки факултет - Битола, наслов на докторската дисертација:„ Поврзаност на емоционалната интелегенција со стилот на раководење во образовните институции"

7.Јасмина Буневска Талевска, Доктор на науки од областа на техничките науки, Технички факултет - Битола, наслов на докторската дисертација: „Анализа на влијанието на бочните пречки врз перформансите на текот на градските сообраќајници од секундарната улична мрежа"

8.      Горан Петковиќ, Доктор на науки од областа на туризмот и угостителството, Факултет за туризам и угостителство - Охрид, наслов на докторската дисертација: „Ресурска основа на развој на младинскиот туризам во Република Србија"

9.      Зоран Јошевски, Доктор на науки од областа на техничките науки, Технички факултет - Битола, наслов на докторската дисертација: „Симулациски модел на динамиката на возила при судир"

10. Небојша Вуковиќ, Доктор на науки од областа на туризмот и угостителството, Факултет за туризам и угостителство - Охрид, наслов на докторската дисертација: „Промоција на кулинарскиот производ во функција на развој на туризмот"

11.  Љупчо Тодоровски, Доктор на науки од областа на безбедноста, Факултет за безбедност - Скопје, наслов на докторската дисертација: „Развивање на стратегии за следење на развојот на понови форми на наркокриминал во Р.Македонија и поставување на стандардизиран систем на контрола на дрога"

12.  Зоран Трифунов, Доктор на науки од областа на техничките науки, Технички факултет - Битола, наслов на докторската дисертација: „ИКТ во образованието - ефикасна интеграција на ИКТ со информатичко - математички пристап"

13.  Емилија Ристевска Стефановска, Доктор по педагогија од областа на методиките, Педагошки факултет - Битола, наслов на докторската дисертација:„ Изучувањето на блок - флејтата и нејзината улога во воспитно - образовниот процес и развојот на музичките способности кај децата"

14.  Иво Кузманов, Доктор на науки од областа на техничките науки, Технички факултет - Битола, наслов на докторската дисертација: „ Брендирањето и примена на ISO 9001:2008 стандардот и OSHAS 18001 како модел за континуирано подобрување на индустриските системи"

15.  Субија Изеироски, Доктор на науки од областа на техничките науки, Технички факултет - Битола, наслов на докторската дисертација: „ Модел на 3D - визуелизација на мали водотеци и техно - економска проценка на локации за градба на мали хидроцентрали"

16.   Милан Митрески, Доктор на земјоделски науки, Научен институт за тутун - Прилеп, наслов на докторската дисертација: „ Компаративни проучувања на поваѓните производни, технолошки и квалитетени својства кај некои сорти тутун од типот Прилеп.

 

Со денешната промоција на новите доктори на науки на Универзитетот денес докторирале 168 доктори на науки

03.12.2012  

МАНИФЕСТАЦИИ ВО ЧЕСТ НА ПАТРОНАТОТ НА УКЛО

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола со повеќе активности и настани ќе го одбележи 8 Декември, Патрониот ден на УКЛО.

Афирмирајќи го своето место во високообразовниот простор во   Република Македонија, но и пошироко, чествувањето по повод Патронатот ги вклучува следните активности:

<< претходно | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | следно >>

xxxx