Единици

EMail сервис


 
 
 
 
 
 

<< претходно | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | следно >>

Новости

26.08.2013  

Дополнителен конкурс во рамките на ЕРАСМУС програмата

Преземи конкурс тука.

26.08.2013  

Честитки од УКЛО за големиот успех на каратистите

Екипата на УКЛО којашто на шестото Европско Универзитетско првенство во карате освои златен и сребрен медал, оствари средба со раководните лица на Универзитетот.

Ректорот, проф. д-р Златко Жоглев нагласи дека ова е историски успех, не само за ката тимот од пет каратисти - студенти на УКЛО и двајцата тренери, туку и успех за македонското студентско карате како највисоко меѓународно достигнување на спортски план.

На Европското првенство во Будимпешта, Унгарија, во категориите кати и борби, учествуваа 127 Универзитети од 27 земји во Европа. Универзитетот „Св.Климент Охридски" - Битола го претставуваа каратистите: Поликсенија Јованоска, Зорица Спиркоска, Верица Трајкоска, Даниел Петкоски и Борче Петкоски, со стручна поддршка од тренерите Елизабета и Златко Димоски.

Во категоријата кати поединечно во женска конкуренција, Поликсенија Јованоска го освои второто место, додека во категоријата ката екипно во женска конкуренција, ката тимот на УКЛО  се закити со златен медал.

Приемот организиран за каратистите е уште една потврда на заложбата на УКЛО да продолжи да го стимулира и поддржува студентскиот спорт.

22.08.2013  

Стипендии за студентите на студиската програма за германски јазик

Студентите од студиската програма за германски јазик на Педагошкиот факултет имаат одлична можност да аплицираат за стипендии во износ од 400 евра што ги доделува Steinbeis Beratungszentrum für das Gesundheits- und Sozialwesen од Република Германија, чијшто раководител е г. Хајнц Ринас, Почесен доктор на нашиот Универзитет.

Потребните документи што заинтересираните студенти треба да ги достават до Универзитетската комисија, вклучуваат:

 -          биографија на апликантот

-          писмо за мотивација

-          уверение за положени испити во академската 2012/2013, заклучно со септемвриска сесија 2013.

 Универзитетската комисија понатаму ќе ги проследи апликациите до г. Хајнц Ринас, којшто лично ќе ги додели стипендиите на најдобрите кандидати во ноември 2013.

 Дополнителни информации во врска со стипендиите може да се добијат кај професорките по германски јазик:

 Доц. д-р Валентина Илиева

kommtina@yahoo.de

valentina.ilieva@uklo.edu.mk

Проф. д-р Јагода Стрезовска

jagodastrezovska@yahoo.de

Краен рок за поднесување апликации: 15октомври 2013.

26.07.2013  

НОВО!!! Натпревар и изложба за фотографии во рамки на ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу РГрција и РМакедонија 2007-2013

Во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу РГрција и РМакедонија 2007-2013, по повод одбележувањето на Денот за европска соработка 2013-та, објавен е повикот за учество на натпревар и изложба за фотографии на тема:

„Ние припаѓаме овде: Животот, луѓето и природата во прекуграничната област"

Инфо

Апликација

22.07.2013  

Објавени конкурсите за трите циклуси студии на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола

Универзитетот „Св. Климент Охридски" - Битола во пресрет на новата уписна кампања отвори нови и ги осовремени постоечките студиски програми, пристапи кон нивно редизајнирање и реструктуирање, по што ги објави Конкурсите за прв, втор и  трет циклус на студии.

На додипломски студии на УКЛО според Конкурсот, може да се запишат 4160 студенти од кои  2520 редовни, 1110 со кофинансирање и 530 вонредни.

На првиот циклус академски студии УКЛО нуди седум нови студиски програми: Сообраќајно-транспортна телематика  и Сообраќајно-транспортни системи и технологии на Техничкиот факултет; Иновациски и проектен менаџмент на Економскиот факултет; студиската програма Менаџмент во услужен сектор на Факултетот за туризам и угостителство; Квалитет и безбедност на храна на Биотехничкиот факултет; како и студиските програми Безбедност  и Криминологија и криминална политика  на Факултетот за безбедност

Во духот на обезбедувањето и стимулирањето на потребниот квалитет на секоја единица на УКЛО најдобро рангираниот студент се ослободува од плаќање на трошоците за студирање (што всушност претставува стипендија). Во новата академска 2013/2014 година на УКЛО продолжува Проектот на Владата на Република Македонија 35/45, за стекнување на високо образование за возрасни и оваа дополнителна можност ќе се остварува со 80 места, на две единици: Техничкиот факултет и Високата медицинска школа.

За идните магистранти, заедно со новите студиски програми, УКЛО нуди 68 универзитетски студии, а исто така нуди и 16 специјалистички, со вкупно 1713 места, при што, пет проценти од најдобро рангираните запишани студенти ќе бидат ослободени од плаќање на кофинансирањето. Парелелно со овие активности распишан е и Конкурсот за атрактивните МБА студии кои Франклин Универзитетот од Охајо, САД ги остварува со УКЛО.

Во новата академска година за докторските студии, Универзитетот „Св.Климент Охридски" - Битола нуди 127 места на 17 актуелни  студиски програми адаптирани на барањата на новото време. УКЛО ја нуди можноста за студирање на англиски јазик на одредени стидиски програми во сите три циклуси на студирање.

Уписната кампања на Универзитетот „Св.Климент Охридски" - Битола за трите циклуси на студирање стартува на 15 август 2013 година и ќе се реализира во три уписни рока.

22.07.2013  

Злато за каратистите на УКЛО

Galerija karate prvenstvo

Во периодот од 18 до 21 јули 2013 година во Будимпешта, Унгарија одржано e шестото Европско Универзитетско првенство во карате, во организација на Европската Универзитетска Спортска Федерација (EUSA). На првенство учесник беше и Универзитетот „Св.Климент Охридски" - Битола, со 5 свои каратисти: Пуликсенија Јованоска, Зорица Спиркоска, Верица Трајкоска, Даниел Петкоски и Борче Петкоски.

Каратистите на УКЛО на оваа студентска спортска манифестација беа повеќе од успешни, и освоија 2 медали. Во категоријата кати поединечно во женска конкуренција Поликсенија Јованоска го освои второто место во силна конкуренција од преку 30 каратистки од Европа, додека во категоријата ката екипно во женска конкуренција, ката тимот на УКЛО во состав: Пуликсенија Јованоска, Верица Трајкоска и Зорица Спиркоска го освои првото место и се закити со златен медал.

Со овие резултати продолжуваат успешните настапни на студентите на УКЛО на Европските Универзитетски првенства во карате, откако во 2011 година во Сараево, универзитетскиот ката тим го освои второто место.

На годинешното Европско првенство во категориите кати и борби учествуваа вкупно 127 Универзитети од 27 земји во Европа.

16.07.2013  

Пријатели на Амбасадата –Програма на Амбасадата на САД во РМ

Програмата „Пријатели на Амбасадата“ е отворена за аплицирање за студентите од македонските универзитети, коишто сакаат да поминат 4 недели во некое од одделенијата на Амбасдата на САД во Скопје, во текот на август-септември и да стекнат искуство за начинот на функционирање на Амбасадата.

Студентите што сакаат да аплицираат треба да се македонски државјани со солидно познавање англиски јазик и да достават писмо за интерес со сите свои податоци на: EmbSkopjeFriends@State.Gov најдоцна до понеделник, 22 јули 2013.

11.07.2013  

На УКЛО продолжува проектот 35/45

Проектот на Владата на Република Македонија, поддржан од МОН, кој овозможува дооформување на високото образование за возрасни, продолжува да се реализира на УКЛО и во академската 2013/2014 година.

Поголемата достапност за лицата кои во минатото не биле во можност да се стекнат со високо образование, на УКЛО ќе се реализира на две високообразовни институции: Техничкиот факултет – Битола и Високата медицинска школа – Битола. На овие единици може да се запишат вкупно 80  вонредни студенти.

Висината на кофинансирање како и во предходните академски години ќе изнесува 200 евра во денарска протввредност.

Уписната кампања ќе се реализира во три уписни рокови и стратува на 15-ти август 2013 година.
Превземи конкурс тука.

08.07.2013  

Литературниот клуб Дениција организира учество на БИТФЕСТ

Универзитетскиот литературен клуб Дениција ПФБТ - УКЛО ги поканува сите сегашни и поранешни студенти како и целиот академски и неакадемски кадар на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола за активно учество на Битфест 2013 година.

Учеството може да се оствари со своја лирска песна или музички настап во времетраење од најмногу 5 минути, на музичко-поетската вечер во рамките на манифестацијата, која ќе се одржи на 13 август 2013 (вторник) во 21 ч. на летната сцена на Тумбе кафе – Битола.

Пријавата за учество треба да ги содржи следниве податоци: име и презиме, место на живеење, занимање или опис на студентскиот статус, телефонски број за контакт, емаил адреса и лирската песна во Word.doc формат со фонт Times New Roman, македонска поддршка и 12 pt или опис на музичкиот настап. Учеството се пријавува на следнава емаил адреса: denicijapfbtuklo1@gmail.com најдоцна до 26 јули 2013.

05.07.2013  

УТВРДЕНИ КОНКУРСИТЕ ЗА ВТОР И ТРЕТ ЦИКЛУС СТУДИИ

Ректорската управа на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ - Битола, на 164 седница, одржана на 3 јули 2013 година, ги утврди Конкурсите за упис на втор циклус на студии (магистерски и специјалистички) и трет циклус (докторски) студии.

Идните магистранти имаат можност за избор во широката лепеза од 68 универзитетски студиски програми и 16 специјалистички, со вкупно 1713 места, а   дополнителна мотивација е што на секоја студиска програма, 5 проценти од најдобро рангираните запишани студенти ќе бидат ослободени од плаќање на кофинансирањето.

Квалитетот на студиските програми се темели на традицијата на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ - Битола и искуството на наставниот кадар изградени во изминатите 34 години, на кои се надоврзуваат следењето на современите европски и светски стандарди во високообразовниот процес.

За докторските студии УКЛО нуди 127 места на 17 актуелни и атрактивни студиски програми адаптирани на барањата на новото време, во услови кога институциите и компаниите имаат се поизразена потреба од креативни, едуцирани кадри што ќе  се вклучат во современите општествени процеси. УКЛО во новата академска 2013/2014 година, докторски студии организира на Техничкиот факултет, Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи и Педагошки факултет, сите во Битола, на Факултетот за безбедност - Скопје, на Економскиот факултет во Прилеп и на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

Уписната кампања на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола за трите циклуси на студирање стратува на 15-ти август 2013 година и ќе се реализира во три уписни рока.

19.06.2013  

Посета на амбасадорите на Република Австрија и Република Германија на УКЛО

Ректорот на УКЛО, проф.др.Златко Жоглев, на 18.06.2013 оствари работна средба со амбасадорот на Република Австрија во Република Македонија, др. Томас Мајкл Бајер и нејзината екселенција г-ѓата Гудрун Елизабет Станекер, амбасадор на Република Германија во нашата земја. При тоа се разговараше за досегашната соработка на УКЛО со Универзитети од Австрија, Германија и Швајцарија и можностите таа да се подигне на повисоко ниво. На средбата беше отворено и прашањето за поддршката од страна на австриската и германската влада за зголемување на присуството на германскиот јазик на оваа високообразовна установа и обезбедување на стипендии за кадри од Педагошкиот факултет кои него го изучуваат, што секако  ќе придонесе за развојот на Катедрата за германски јазик.

По средбата во Ректоратот на УКЛО двата амбасадора одржаа предавање на Педагошкиот факултет на тема „Студиите по германски јазик на Педагошкиот факултет во Битола“.

18.06.2013  

Пригодна средба во Ректоратот со наградени учесници на Конкурсите на УКЛО

Ректорскиот колегиум на УКЛО, предводен од ректорот, проф. д-р Златко Жоглев се сретна со наградените учесници на Конкурсот за краток расказ Владимир Костов и студентитите коишто на Конкурсот за најдобар истражувачки труд добија пофалници.

На средбата што се одржа на 17 јуни 2013 година, присуствуваа Никола Илијовски од Правниот факултет - Кичево и доц. д-р Гордана Стојаноска од Педагошкиот факултет - Битола, добитинци на наградите за краток расказ.

На пригодниот настан, на студентите Флорина Бакиевска од Правниот факултет – Кичево и Елизабета Николоска од Економскиот факултет – Прилеп доделени  им се пофалници за најдобар истражувачки труд.

Честитајќи им го досегашниот постигнат успех, Ректорот ги слушна нивните размислувања и идеи поврзани со поддршката која УКЛО ја дава за афирмација на креативноста и иновативноста кај студентите, како и заложбите од страна на Универзитетот за посилен поттик на студентите да продолжат по патот на успехот.

06.06.2013  

НОВО !!! Конкурси во рамки на манифестацијата „Ноќ на истражувачи 2013“

Во рамките на манифестацијата  „Ноќ на истражувачи 2013“, чијшто организатор е Универзитетот Американ Колеџ – Скопје, објавени се следниве Конкурси:

- Конкурс за есеј;

- Конкурс за истражувачко видео и

- Конкурс за научно – истражувачки постер

Проектот „Ноќ на истражувачи 2013“ е проект во рамките на 7 – та  Рамковната потпрограма PEOPLE и е финансиски поддржан од страна на Европската Истражувачка Агенција при Европската Комисија.

05.06.2013  

Медал од редот на Светиот македонски крст за Ректорот на УКЛО

По повод јубилејот 45-години од возобновувањето на Македонската православна црква, на 4.06.2012 година, во Стопанската комора на Македонија, на свечена церемонија, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан на 15 видни стопанственици и личности од науката им додели Столни медали од редот на Светиот македонски крст. 

Меѓу добитниците на наградите е ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-  Битола, проф. д-р Златко Жоглев.

Посебните одличја, Столни медали од редот на Светиот македонски крст, МПЦ ги доделува како признание и благодарност на истакнати поединци  и компании за нивната досегашна поддршка.

05.06.2013  

Можност за практиканска работа во ЕВН Македонија

Во рамките на соработката помеѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола  и ЕВН Македонија, а во насока  на професионално усовршување на млади, ЕВН Македонија, нуди можност за спроведување на практикантска работа за време на летниот период (јули, август септември) 2013 година.

Рокот на пријавување е до 12 јуни 2013 година.

За повеќе информации кликнете тука.

04.06.2013  

КОНКУРС ЗА ЕРАЗМУС - Програмата за доживотно учење

Преземи конкурс тука.

03.06.2013  

КОНКУРС ЗА ИСТРАЖУВАЧКИ ТРУД И ЕСЕЈ

Преземи конкурс тука.

 

 

 

 

 

01.06.2013  

ПОЗНАТИ ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДАТА ВЛАДИМИР КОСТОВ

На распишаниот награден Конкурс за краток расказ на слободна тема “Владимир Костов“ , во две категории: за вработени и студенти од Универзитетот „Св. Климент Охридски“  - Битола, конкурсната комисија  одлучи во категоријата студенти да го награди расказот со наслов “Мирисот на огнот“, доставен под шифра Дајмониум, од авторот, Никола Илијовски, студент на Правен факултет – Кичево.

Во категоријата  вработени,  наградата ја добива расказот „Русите коси во снегот“, доставен под шифра Трепетлика, од авторот, асистент Гордана Стојаноска, Педагошки факултет - Битола

По иницијатива на Ректорот на Универзитетот, проф. д-р Златко Жоглев, поддржана од Педагошкиот факултет,  веќе неколку години се распишува Конкурс за краток расказ Владимир Костов на слободна тема, со цел да се  оддаде заслуженото внимание кон творештвото и ликот на современиот македонски раскажувач и драмски автор Владимир Костов, еден од најплодните прозаисти кај нас, а во академската јавност да се поттикне литературното творештво и уметничкото изразување.

28.05.2013  

Објавен е третиот повик за ИПА Програмата за прекугранична соработка со Р. Македонија и Р. Грција 2007-2013

Kраен рок за поднесување на предлозите е 23.08.2013 година, 14.00 часот. За проектните предлози од двете земји партнери, под овој повик се достапни финансиски средства во износ од 7.514.217,00 евра.

Подетални информации:

http://www.ipa-cbc-programme.eu/calls-for-proposals/10-calls/52-3rd-call-for-proposals-for-all-priority-axes

11.05.2013  

ОДРЖАН ОТВОРЕН ДЕН НА УКЛО

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола за сите средношколци, идни магистранти и докторанти организира Отворен ден на УКЛО.

На 10 Мај 2013 година, на плоштадот Магнолија, од 11 до 14 часот, единиците на УКЛО на посебни штандови ги претставиja студиските програми во трите циклуси на образование. Презентацијата на високообразовната понуда, вкупните перформанси и научно -  истражувачката дејност се остваруваa на непосреден начин,  преку директни контакти со наставниот кадар, со што на потенцијалните кандидати им се помогнa во нивната професионална ориентација.

Со поврзување на два значајни моменти од животот на средношколците:  радоста од матурирањето и помошта којашто УКЛО им ја понуди околу изборот на студиите како сериозен чекор и голем предизвик со што ќе го трасираат својот иден работен живот, постигната е целта на настанот и неговата успешност. 

Ректорот на УКЛО проф. д-р Златко Жоглев во пораката за матурантите истакна максимално да ги искористат можностите за инвестирање во споственото знаење како најголема, капитална инвестиција.

Првата манифестацијата од овој тип на УКЛО се реализира во соработка со општина Битола. Градоначалникот на Битола, Владимир Талески на идните студенти им посака да направат  правилен и успешен избор.  Отворениот ден на УКЛО беше збогатен со пригодна забавна програма.

11.05.2013  

Трибина за глобализацијата

Во универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа трибина на тема „Предизвиците на глобализацијата" на која гостин беше професорот Зоран Видојевиќ од Институт за општествени науки во Белград.

За глобализацијата како еден од актуелните општествени феномени, говореа Ректорот на УКЛО, проф. д-р Златко Жоглев и проректорот за настава, проф. д-р Сашо Атанасоски, кои се осврнаа на мондијализацијата како кон современ и неизбежен начин на постоење и глобално однесување во различните области на современото живеење.

Трибината „Предизвиците на глобализацијата"  беше во организација на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола.

10.05.2013  

РЕКТОРОТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ОД СИВАС ВО ПОСЕТА НА УКЛО

На 9 мај, делегација составена од ректорот на Cumhuriyet универзитетот од Сивас, Република Турција, проф. др Фарук Коџаџик, претставник од стопанствениците, г. Јуксел Дузен и Советникот за економски прашања во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, г. Ахмед Ќазими, го посети УКЛО и во просториите на Ректоратот се сретна со проректорот за настава, проф. д-р Сашо Атанасоски и со проректорот за студентски прашања, проф. д-р Никола Крстаноски.

При претставувањето на двата универзитети, преку академските понуди и видовите соработка, проректорот Атанасоски направи посебен осврт на формите на меѓународна соработка коишто УКЛО ги реализира во рамките на потпишаните билатерални договори со универзитетите од Република Турција.

Во контекст на меѓународната соработка, ректорот Коџаџик ја претстави Програмата МЕВЛАНА, којашто по углед на ERASMUS LLP е креирана и финансирана од Министерството за образование на Република Турција и предвидува размена на студенти и академски кадар врз основа на претходно потпишани билатерални Мевлана договори за размена.

Раководството на УКЛО ја изрази својата подготвеност за пристапување кон ваков вид соработка.

09.05.2013  

Гостувачко предавање на Технички факултет

На покана на Отсекот за сообраќај и транспорт,  на 28 јуни 2013 год. во 10 ч., во сала 412 на Технички факултет – Битола ќе се одржи гостувачко предавање од страна на проф. д-р Марио Анжек, главен уредник на научно списание со индекс на научна цитираност, Факултет за сообраќајни науки, Универзитет во Загреб, Хрватска.

Тема на гостувачкото предавање:

„КАКО ДА СЕ ПОДГОТВИ, ПРИЈАВИ И ПУБЛИКУВА ТРУД ЗА НАУЧНО СПИСАНИЕ“

Предавањето е наменето за академскиот и соработничкиот кадар, како и за студентите на втор и на трет циклус студии на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. 

Гостувањето се организира во духот на меѓусебната соработка на Технички факултет и на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ со Универзитетот во Загреб,  Република Хрватска.

08.05.2013  

ОТВОРЕН ДЕН НА УКЛО 10 МАЈ ОД 11 до 14 ЧАСОТ ПЛОШТАД МАГНОЛИЈА – БИТОЛА

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола за сите средношколци, идни магистранти и докторанти организира Ден со УКЛО. На 10 Мај, на плоштадот Магнолија, единиците на УКЛО на посебни штандови ќе ги претстават студиските програми во трите циклуси на образование. Презентацијата на високообразовната понуда  ќе  се остварува на непосреден начин,  преку директни контакти со наставниот кадар, со што на потенцијалните кандидати ќе им се помогне во нивната професионална ориентација.

Манифестацијата Отворен ден на УКЛО  се реализира во соработка со општина Битола и локалните самоуправи од Југозападниот регион, како и со средните училишта, за чии ученици ќе бидат понудени сите потребни информации за упис на Универзитетот „Св.Климент Охридски„ - Битола.

Отворениот ден на УКЛО ќе биде збогатен со пригодна програма.

07.05.2013  

СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИТЕ НА УКЛО ОД ЕВН МАКЕДОНИЈА

Во рамките на соработката помеѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола  и ЕВН Македонија, а во насока  на професионално усовршување на млади и талентирани студенти, ЕВН Македонија ќе стипендира студенти од електро-техничка струка од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола 

За повеќе информации кликни тука.

Апликациите за стипендирање да се достават најдоцна до  20 Мај 2013 година  на следната е-пошта   stipendii@evn.mk.

Формулар за аплицирање

<< претходно | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | следно >>

xxxx