Единици

EMail сервис


 
 
 
 
 
 

<< претходно | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | следно >>

Новости

28.11.2013  

Билтен бр. 380

Ве известуваме дека е објавен Билтен бр. 380 на Универзитетот „Св.Климент Охридски“- Битола со реферати за избор на Почесни професори, Почесен доктор на науки и Професор Емеритус.
повеќе

26.11.2013  

Избрани најдобрите истражувачки трудови и есеи

На распишаниот награден конкурс на УКЛО за најдобар истражувачки труд и есеј на слободна тема, комисиите донесоа одлуки за најдобрите остварувања.

Наградени  истражувачки трудови:

„Црвеното овошје како извор на антоцијани со антиоксидативно дејство“, од Александар Савески, студент на Технолошко-технички факултет – Велес, прва награда

Степенот на сложеност на идното, минато-идното и предминатото време како фактор што влијае врз периодот на нивното изучување во наставата по македонски јазик„ од Јана Јурукова, студент на Педагошки факултет – Битола, втора награда

„Анализа на напредокот на Р Македонија во исполнување на економските критериуми на патот кон ЕУ за периодот 2009-2013г“, Елизабета Николоска, студент на Економски факултет – Прилеп, трета награда.

Наградени  есеи:

„Ист помеѓу еднаквите“, од Наталија Трајковска, студент на Правен факултет – Кичево, дисперзирани студии Битола, прва награда

„Судбина или...?“ од Виолета Павлеска,  студент на Факултет за админстрација и менаџмент на информациски ситеми- Битола, втора награда

„Изгладнети во преводот“ од Анета Димовска, студент на Педагошки факултет – Битола, трета награда

На наградените студенти ќе им бидат доделени плакети и парични награди, на свеченоста што по повод Патронот на УКЛО, ќе се одржи на 05.12.2013 година, во хотел Епинал.

23.11.2013  

Втора генерација постдипломци на Универзитетот Франклин, САД, во Македонија

Започна наставата за втората генерација постдипломци на Мастер студиите за бизнис администрација на Франклин универзитетот од Охајо, САД, коишто во соработка со Универзитетот „Св.Климент Охридски “-Битола, се реализираат на Економскиот факултет – Прилеп.

Од името на УКЛО, дваесетината постдипломци ги поздрави проректорот, проф. д-р Сашо Атанасоски, нагласувајќи дека МБА студиите на Франклин универзитетот е успешен проект на УКЛО, со што, тој е прв универзитет кој го донесе Франклин во Европа, односно во Македонија.

На пригодната свеченост што се одржа на 23.11.2013 г. директорот на студиите, Никола Димески им порача на студентите дека се реална конкуренција на нивните колеги кои студираат на истиот универзитет во САД.

Првите постдипломци на Мастер студиите за бизнис администрација на Френклин универзитетот од Охајо, САД, на Универзитетот „Св.Климент Охридски “-Битола беа запишани во академската 2011/2012 г.

22.11.2013  

„МОЈАТА УСПЕШНА ПРИКАЗНА“ Дипл. ел. инж. Оливер Мирчевски

Како резултат на соработката на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски,, - Битола и ЕВН-Македонија а во рамките на проектот ,,Мојата успешна приказна,, денеска на 22.11.2013 година на  електро отсекот при Техничкиот факултет Битола, беше организирана средба на студентите со дипл. ел. инж. Оливер Мирчевски, раководител на одделот за мрежен инженеринг во ЕВН-Македонија  - алумнист на УКЛО.

Проектот кој подолго време се реализира, е во насока да ги запознаеме нашите студенти со успешни менаџери, лица кои имаат успешна кариера и на тој начин да ги мотивираме нашите студенти, максимално да се вложуваат во градење на нивната кариера.

Вториот дел од гостуивањето, беше во рамките на клиничката настава, каде  господинот Мирчевски денеска говореше и на тема ,,Дисперзираното производство и неговото влијание на дистрибутивната мрежа,,

Вакви предавања и во иднина ќе се одржуваат во континуитет на единиците на УКЛО.

19.11.2013  

Поддршка од УКЛО за признанието Најмлад научник

Пред студентите на Факултетот за биотехнички науки, најдобриот млад научник за 2012 година Катерина Бачева одржа предавање на тема „Дистрибуција на тешки метали во примероци од животната средина во околината на рудникот Алшар“ .

Признанието Најмлад научник го доделува претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, чија цел е поддршка на науката, научните установи и младиот научен кадар, што е востановено од 2010 година

Јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник“ за 2013 година е отворен до 31 декември и со него се опфатени сите млади луѓе до 30 години кои се занимаваат со наука и научни истражувања.

Ова признание е значајно и за наставно - научниот кадар и студентите на УКЛО, во услови кога се промовира знаењето како клучен развоен фактор и поддршката што менаџерскиот тим на УКЛО ја дава во насока за стимулирање на научната креативност.

ПОВИК

13.11.2013  

Отворен повик за Фулбрајт – пост-докторски престој

Врвната меѓународна програма за академска размена, финансирана од стрaна на Владата на САД, позната под името Фулбрајт програма за стипендирање, беше претставена пред академскиот и соработничкиот кадар на УКЛО, денес, во просториите на Ректоратот, во соработка со Амбасадата на САД во Скопје.

Аташето за култура и образование, Кејтлин Турк и советникот за образовни програми во Одделот за односи со јавноста на Амбасадата, Газменд Илјази, го промовираа отворениот повик за аплицирање во Програмата за академската 2014/2015, за пост-докторски престој на некој од престижните универзитети во САД.

Деталните информации за аплицирање, со краен рок до 1 декември 2013 може да се добијат на http://fulbright.state.gov или на http://macedonia.usembassy.gov

Повеќе http://macedonia.usembassy.gov/archives/archive-2013/fpc2014-2015.html

06.11.2013  

OБЈАВЕН ДОПОЛНИТЕЛЕН УПИСЕН РОК ВО КОНКУРСОТ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ 2013/2014

Врз основа на Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола во академската 2013/2014 година објавен на 05.07.2013 во дневниот весник „Нова Македонија“ и Одлуката на Ректорската управа бр.07-1414/5 од 06.11.2013 година, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола објавува:

ДОПОЛНИТЕЛЕН УПИСЕН РОК ВО КОНКУРСОТ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ

НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ,,СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА

ВО АКАДЕМСКАТА 2013/2014 ГОДИНА

 

Пријавување : од  20 до 29 ноември 2013 година

Запишување :   од 2 до 6   декември 2013 година

Критериумите и условите за запишување на секоја од понудените студиски програми и за содржината и начинот на реализирање на вториот циклус на студии, остануваат непроменети според претходно објавениот Конкурс во дневните гласила и на веб страницата на Универзитетот или на веб страниците на соодветните високообразовни единици во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола.

КОНКУРС

06.11.2013  

ОБЈАВЕН ДОПОЛНИТЕЛЕН УПИСЕН РОК ВО КОНКУРСОТЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ТРЕТ ЦИКЛУС-ДОКТОРСКИ СТУДИИ 2013/2014 ГОДИНА

Врз основа на Конкурсот за запишување студенти на трет циклус-докторски студии на студиските програми на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски" - Битола во академската 2013/2014 година објавен на 06.07.2013 во дневниот весник „Нова Македонија" и Одлуката на Ректорската управа  бр.07-1414/6 од 06.11.2013 година, Универзитетот „Св. Климент Охридски" - Битола објавува:

 ДОПОЛНИТЕЛЕН УПИСЕН РОК ВО КОНКУРСОТ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ

НА ТРЕТ ЦИКЛУС-ДОКТОРСКИ СТУДИИ НАСТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ НА

УНИВЕРЗИТЕТОТ ,,СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА

ВО АКАДЕМСКАТА 2013/2014 ГОДИНА

 

Пријавување : од  20 до 29 ноември 2013 година

Запишување :   од 2 до 6   декември 2013 година

Критериумите и условите за запишување на секоја од понудените студиски програми и за содржината и начинот на реализирање на третиот циклус на студии, остануваат непроменети според претходно објавениот Конкурс во дневните гласила и на веб страницата на Универзитетот или на веб страниците на соодветните високообразовни единици во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски" - Битола.
КОНКУРС
 

05.11.2013  

Традиционална ноќна трка по повод денот на ослободувањето на Битола

По повод 4-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Битола, на 03.11.2013 г. на Широк сокак се одржа ноќна трка. На оваа спортска манифестација во организација на Сојузот на спортови и градот Битола, покрај основците и средношколците, учество зедоа и студентите од Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола.

Дејан Кузмановски од Технички факултет се закити со првото место, Андреас Стојановски од истиот факултет го освои второто место, а меѓу најдобрите се најде и Кристијан Каранфиловски, студент на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид.

Во женска конкуренција, најдобри резултати покажаа студентите од Техничкиот факултет, Стефанија Талевска и Марија Стојановска кои се пласираа на првата и втората позиција, додека третото место ѝ припадна на Маргарита Попоска од Технолошко – техничкиот факултет од  Велес.

На најдобрите студенти учесници на манифестацијата, им беа доделени медали и дипломи  за освоените места.

31.10.2013  

ВАЖНО! ИТНО! ЗА СТУДЕНТИТЕ И КАДРИТЕ НА УКЛО

ПОВИКОТ ЗА БАЗИЛЕУС 5 ВО РАМКИТЕ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС МУНДУС АКЦИЈА 2 СЕ ОБЈАВУВА ВЕЧЕРВА,ПОСЛЕ ПОЛНОЌ....

НОВИОТ ВОДИЧ ЗА АПЛИКАНТИ Е ВЕЌЕ ДОСТАПЕН...
СИТЕ ОНИЕ ШТО ИМААТ ЖЕЛБА И НАМЕРА ДА АПЛИЦИРААТ, ГИ ПОВИКУВАМЕ ВНИМАТЕЛНО ДА ГИ ПРОЧИТААТ УПАТСТВАТА, ИНФОРМАЦИИТЕ , ДА ГИ ПРОУЧАТ ON-LINE АПЛИКАЦИИТЕ  И, ПО ПОТРЕБА, ЗА ЕВЕНТУАЛНИТЕ ДООБЈАСНУВАЊА, ДА СЕ ОБРАТАТ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА УКЛО.

www.basileus.ugent.be

31.10.2013  

ПРОМОЦИЈА НА КРЕДО ЦЕНТАРОТ

Во серијата промотивни активности на КРЕДО центарот, во петок на 01.11.2013 година  во просториите на кариерниот  центар (касарна) пред претставниците од студентските  парламенти ќе се одржи презентација на можностите што ги нуди КРЕДО центарот  за студентите на УКЛО.

28.10.2013  

Меѓународен симпозиум за „Традиционални јадења од Јадран до Кавказ“

Од 24-26 октомври 2013 година во Охрид и Струга е одржан Вториот меѓународен симпозиум за „Традиционални јадења од Јадран до Кавказ“.

Симпозиумот, чиј домаќин беше Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, е резултат на билатералната соработка меѓу Намик Кемал Универзитетот од Текирдак, Република Турција и УКЛО.

Над 600 -те научни трудови се потврда за интересот на темата од повеќе аспекти: економски, социо-културни, еколошки, туристички и сл. и се во насока на проширување и продолабочување на воспоставената меѓууниверзитетска соработка на УКЛО.

Трудовите од Симпозиумот ќе бидат објавени во посебен зборник.

Учесниците на Вториот меѓународен симпозиум за „Традиционални јадења од Јадран до Кавказ“ своите активности ги надополнија со културни содржини со цел запознавање со историското наследство и знаменитостите на Македонија.

25.10.2013  

Настани на УКЛО

На 24.10.2013 г. УКЛО беше организатор и домаќин на два настани што се одржаа на Правниот факултет, дисперзирани студии – Битола. Проф. д-р Зоран Видојевиќ, од Институт за општествени науки, Белград одржа предавање за „Општествените нееднаквости, човековите права и можностите за подобар свет“ на коешто се отворени  повеќе прашања за човековите права и слободи, потсетувајќи дека проблематиката на човековите права е една од најзначајните за современото човештво.

Потоа, промовирана е книгата од проф. д-р Петре. Т. Георгиевски  „Социологијата како критика на општествената, образовната и културната промена“. Промоторите, проф. д-р Зоран Видојевиќ, проф. д-р Ружица Цацаноска и ректорот на УКЛО, проф. д-р Златко Жоглев истакнаа дека станува збор за квалитетно дело  во кое се публикувани трудови што помагаат да се добијат продлабочени сознанија од областа на методлогијата на општествените истражувања, се реафирмира дејноста на Борис Арсов како прв македонски социолог и  понудена е анализа за севкупната македонска социологија.

Паралелно со овие активности, на УКЛО се одржа редовна крводарителска акција, во соработка со Црвениот крст и Службата за трансфузиологија при Клиничката болница  во Битола.

21.10.2013  

Промовирана лабораторијата на Факултетот за биотехнички науки

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски и  министерот за образование и наука Спиро Ристовски на 18.10.2013 г. ја промовираа лабораторијата на Факултетот за биотехнички науки, единица на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ -Битола

На настанот присуствуваше ректорот на УКЛО, проф. д-р Златко Жоглев придружуван од проректорот, проф. д-р Јованка Тутеска и генералниот секретар м-р Офелија Христовска. На промоцијата, чиј домаќин беше деканот на  Факултетот, проф. д-р Џулијана Томовска е истакнато дека лабораторијата за екстракција на етерични масла од зачински и лековити растенија и детерминација на биолошки активни материи, покрај квалитетен практикум за студентите и за научно истражувачка работа на наставниот кадар, ќе биде од голема  корист за потребите на фармацевтската, козметичката, агропреработувачката и прехранбената индустрија.

Лабораторијата на Факултетот за биотехнички науки – Битола е дел од Владиниот проект за опремување на лаборатории за потребите на универзитетите и научните институти во државата.

14.10.2013  

Доделени дипломите на првите МБА постдипломци од Франклин Универзитетот

На пригодна свеченост доделeни се дипломите на првата генерација постдипломци на Мастер студиите за бизнис администрација на Франклин универзитетот од Охајо, САД, коишто во соработка и заедничка организација со Универзитетот„Св.Климент Охридски"-Битола, се реализираат во просториите на Економскиот факултет - Прилеп.

На свечениот чин што се одржа на 10.10.2013 година, во Владата на Република Македонија, присуствуваa министерот за образование и наука Спиро Ристовски, раководниот тим на Универзитетот „Св.Климент Охридски" - Битола предводен од ректорот, проф. д-р Златко Жоглев, директорот на студиите Никола Димески и претставници од  Франклин Универзитетот од САД.

Ректорот, проф. д-р Златко Жоглев истакна дека е горд што со поддршка на Владата и МОН, Универзитетот „Св. Климент Охридски"  - Битола е прв универзитет кој го донесе Франклин Универзитетот  во нашата земја.

Соработката со овој универзитет од Охајо иницирана од министерот Иво Ивановски датира од 2010 година  кога како странска високообразовна установа доби одобрение за вршење високообразовна дејност во Македонија,  а првите постдипломци беа запишани во академската 2011/2012 година.

Конкурсот за втората генерација постдипломци за МБА заврши и се очекува кандидатите да почнат со настава од ноември 2013 година.

07.10.2013  

ПОВИК ЗА ОБЈАВУВАЊЕ ТРУДОВИ ВО ХОРИЗОНТИ

Преземи повик тука.

Преземи пријава тука.

02.10.2013  

Информации за значајни настани и активности на УКЛО

На 2 октомври 2013г. во Универзитетот „Св. Климент Охридски„ – Битола се одржа средба со новинарите, на која, дел од раководството на Универзитетот ја запозна јавноста со реализацијата на повеќе значајни настани и активности.

Меѓу поважните, нагласена е успешната реализација на уписите. На прв циклус студии запишани се 2541 студент, што e 300 студенти повеќе во однос на минатата година.  

Истакнато е и потпишувањето на важниот документ Magna Charta Universitatum, со што Универзитетот пристапи  кон оваа исклучително значајна асоцијација.

На пресс конференцијата стана збор за досега остварените 65 излезни мобилности во рамките на Еразмус програмата, односно, Еразмус Мундус  и Еразмус доживотно учење, а 11-те  влезни мобилности се показател за зголемениот  интерес за Универзитетот „Св. Климент Охридски„ – Битола.      

Информирано е и за учеството на УКЛО на завршната Конференција од Темпус проектот STREW Градење капацитети за структурни реформи во високото образование на земјите од Западен Балкан, како и за остварените  средби со ректорите на универзитетите од Сплит и Задар, во насока на проширување на академската соработка и заедничкото дејствување во повеќе домени.

30.09.2013  

Конкурс за истражувачки труд и есеј

Продолжен рокот за доставување на студентските трудови

На барање на студентите за учество на Конкурсот за истражувачки труд и есеј 2013 година, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола информира дека се пролонгира рокот за доставување на трудовите.

Крајниот рок за доставување на трудовите е до 31 октомври 2013 г.

Конкурсот се реализира под истите услови и критериуми.

конкурс

21.09.2013  

УКЛО потписник на Magna Charta Universitatum

Ректорот на УКЛО, проф.др.Златко Жоглев,на свечена церемонија, на 21 септември 2013 г. на Универзитетот во Болоња, Италија, го потпиша документот Magna Charta Universitatum, односно, Големата повелба на Универзитетите.

Со ова, УКЛО и официјално  се приклучи кон афирмацијата на универзитетските традиции, поттикнување на силните врски меѓу универзитетите во Европа и пошироко во светски рамки.

Во асоцијацијата Magna Charta Universitatum, со 25 годишното постоење (од 1988 година кога е формирана во неа учествувале 388 универзитети) до денес, пристапиле над 600 универзитети.

Членувањето во Magna Charta Universitatum претставува бренд на престиж и  самото членување во оваа асоцијација нуди бројни можности за студентите и академскуиот кадар зашто Magna Charta Universitatum паралелно соработува и со ЕУА и со УНЕСКО и претставува своевиден медијатор меѓу академскиот свет, главно младите, студентите и останатите општествено - економски субјекти.

21.09.2013  

Успешна реализација на уписите

На Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола во академската 2013/2014 година, на прв циклус студии се запишаni 2541 студент, што претставува реализација на конкурсните квоти над 61%, што е за 300 студенти повеќе во однос на минатата академска година.

Оваа година на Универзитет„Св. Климент Охридски“- Битола се запишаа 62 странски студенти, бројот не е конечен, бидејќи во наредниот период, по завршување на процедурите во МОН, се очекува запишување на дополнителен број странски студенти,  со статус - стипендисти на Владата на Република Македонија.

За вториот и третиот циклус студии уписните рокови се во тек.

Универзитетската понуда за овие циклуси опфаќа 84 студиски програми за втор циклус студии, од кои 5 се на англиски јазик и 17 студиски програми за трет циклус студии.

17.09.2013  

Одржана централна свеченост по повод новата академска година на УКЛО

На централната свеченост  што по повод новата академска година се одржа на Технолошко – техничкиот факултет во Велес, даден е во употреба новиот објект за потребите на факултетот.

На настанот, покрај Ректорот и раководството на УКЛО, присутвуваше и министерот за образование и наука на Република Македонија, Спиро Ристовски.

Со пуштањето во употреба на просториите од некогашниот хотел Вила Зора за потребите на Технолошко – техничкиот факултет во Велес, на површина од 1200 метри квадратни, за студентите и академскиот кадар се обезбедени  солидни и соодветни услови за едукација,  нагласи ректорот, проф. д-р Златко Жоглев.
Министерот за образование и наука Спиро Ристовски ги потенцира носечките приоритети на Владата и ресорното министерство за успешен наставно – образовен процес и во таа прилика упати честитки до Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола за посветноста кон мерките за продлабочување на севкупните услови за студирање, проширување на капацитетите и квалитетот на студентскиот стандард во сите домени.

 На свеченоста учество зедоа бројни претставници од академската заедница, истакнати личности од јавниот и политичкиот живот на Велес и Регионот, меѓу кои и градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев.

 На Технолошко – техничкиот факултет во Велес со дисперзирани студии во Битола и Кичево во моментов се едуцираат над 800 студенти.

16.09.2013  

ЗАПОЧНА НОВАТА АКАДЕМСКА ГОДИНА

Првиот академски час за новата генерација студенти на УКЛО започна на 16 септември 2013 година.

Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски" - Битола проф. д-р Златко Жоглев престојуваше на Педагошкиот факултет - Битола и се обрати  пред бруцошите,  посакувајќи  им успешен старт на студиите.

Според претходно утврден распоред, Ректорскиот колегиум на УКЛО по повод првиот академски ден, присуствуваше на пригодните настани во дел од единиците на УКЛО.

Централното случување по повод почетокот на новата академска година 2013/2014 г. за новозапишаните студенти на Универзитетот „Св. Климент Охридски" - Битола ќе се одржи на 17 септеври 2013 г. на Технолошко  - техничкиот факултет во Велес. Поводот е надополнет со давањето во употреба на новите простории за работа на факултетот.

Покрај Ректор  и раководството на УКЛО, на настанот се очекува присуство на највисоките претставници од Министерството за образование и наука како и други истакнати личности од јавниот и политичкиот живот на Велес и Регионот.

04.09.2013  

Продолжен е рокот за пријавување на натправар за фотографии во рамки на ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу РГрција и РМакедонијa

Рокот за аплицирање е продолжен до 09.09.2013 г.

Повеќе информации:

http://www.ipa-cbc-programme.eu/index.php/news/63-be-part-of-a-photo-contest

03.09.2013  

Отворен е Конкурсот за Фулбрајт програмата за академската 2014-2015 година

Преземи конкурс тука

02.09.2013  

Нов договор за соработка со Универзитетот во Ница

УКЛО потпиша нов договор за соработка со Универзитетот во Ница, Софија Антиполис- Франција.  Претседателката на UNICE, проф. Фредерик ВИДАЛ и ректорот на УКЛО-проф. Жоглев, со чинот на потпишувањето на нов договор, повторно ја афирмираа својата веќе декларирана посветеност кон развивање различни форми на меѓууниверзитетска соработка.

Првиот меѓуинституционален договор за соработка со овој француски универзитет датира од ноември 2003 година и низ сиот изминат период  соработката се потврдувала преку заедничко иницирање и  учество во голем број европски проекти, дополнително е потпишан и билатерален Еразмус договор во рамките на Програмата за доживотно учење, реализирани се повеќе реципрочни размени на студенти и кадри, нотирани се учества на заеднички конференции и сл.

Новиот договор е извонредна можност за студентите и кадрите на УКЛО да реализираат размени, студиски престои и посети на овој реномиран француски универзитет.

Универзитетот во Ница,Софија Антиполис  е меѓу првите 500 универзитети на Шангајската листа за 2013 година.

<< претходно | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | следно >>

xxxx