Единици

EMail сервис


 
 
 
 
 
 

<< претходно | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | следно >>

Новости

23.01.2014  

УКЛО со нов договор за билатерална соработка

УКЛО и Александрискиот технолошки едукативен институт (АТЕИ) од Солун, Факултет за бизнис и економија, потпишаа Договор за билатерална соработка. Со чинот на потпишување се официјализираат релациите на соработка помеѓу двете високообразовни институции, преку различни форми на академска размена и размена на информации и публикации, студиски посети, заедничко подготвување проекти и заедничко претставување пред други партнери. УКЛО и АТЕИ веќе извесен период негуваат релации на партнерство и бележат соработка на ниво на проекти и програми (TEMPUS и ERASMUS MUNDUS) поддржани од телата на Европската комисија.

23.01.2014  

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЕРАЗМУС+

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, на својата веб-страница го објави Повикот за институционално аплицирање во рамките на новата ЕРАЗМУС+ Програма 2014-2020 и Водичот за апликантите (http://www.na.org.mk/index.php/mk/novosti-detalna/items/javen-povik-erasmusplus.html).  

Во рамките на Повикот, УКЛО треба да поднесе апликација за мобилност на студенти и академски кадар, врз основа на потпишани интеринституционални договори со универзитети од програмските земји на ЕУ, со краен рок: 17 март 2014.

17.01.2014  

Најдобрата женската ката екипа од УКЛО на средба со Ректорот

Женскиот ката тим од УКЛО, носител на државната награда за најуспешна универзитетска екипа во 2013 година, оствари средба со  ректорот на УКЛО, проф. д-р Златко Жоглев.

За посебниот придонес во развојот на спортот, меѓународна промоција и афирмација на УКЛО, членовите на ката тимот, студентите: Пуликсенија Јованоска, Зорица Спиркоска и Верица Трајкоска, добија посебни благодарници.

Високото признание за најуспешна универзитетска екипа во 2013 година, женската ката екипа од УКЛО го заслужи со постигнатите резулати на  шестото Европско Универзитетско првенство во карате,  за освоеното злато, во категоријата ката екипно, во женска конкуренција и второто место во кати поединечно, во женска конкуренција.

Тренерите на екипата, Елизабета Димоска и Златко Димоски очекуваат со поддршка на УКЛО, овој исклучителен успех да продолжи и во наредниот период.  

Спортскиот оскар за најуспешни спортисти и екипи во повеќе категории го доделуваат Сојузот на спортски федерации и Агенцијата за млади и спорт.

10.01.2014  

Спортски Оскар за УКЛО

Женската ката екипа од УКЛО е најуспешната универзитетска екипа во 2013 година. 

Високото признание што го доделуваат Сојузот на спортски федерации и Агенцијата за млади и спорт е доделено на манифестација што се одржа на 9.01.2014 година во Музејот на македонската борба.

Каратистите на УКЛО на  шестото Европско Универзитетско првенство во карате, во организација на Европската Универзитетска Спортска Федерација (EUSA) освоија 2 медали. Злато, во категоријата ката екипно во женска конкуренција и второ место кати поединечно во женска конкуренција.

Членови на ката тимот на УКЛО се студентите: Поликсенија Јованоска, Зорица Спиркоска, Верица Трајкоска, Даниел Петкоски и Борче Петкоски.

Тренерите на екипата, Елизабета Димоска и Златко Димоски оценуваат дека овој исклучителен успех е добра основа за престојното Светско првенство што треба да се одржи во Црна Гора.

08.01.2014  

Дополнување на Конкурсот за запишување студенти на трет циклус – докторски студии

УКЛО објавува Дополнување на Конкурсот за запишување студенти на трет циклус – докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола во академската 2013/2014 година, за студиската програма Претприeмништво и менаџмент на мали и средни претпријатија на Економскиот факултет во Прилеп.

Конкурс

Услови и критериуми за пријавување и запишување

Инфо брошура за докторските студии

02.01.2014  

Летна школа ЦЕРН 2014

Во рамките на соработката помеѓу Европскиот Центар за Нуклеарни Истражувања (ЦЕРН) во Женева (Швајцарија) и Националната Агенција за Нуклеарни Технологии на Република Македонија (НАНТ), ќе се организира летна школа ЦЕРН 2014, на којашто право за учество имаат студенти по технички науки кои ги исполнуваат следниве услови:

- Просек на оценки (поголем од 9)

- Познавање англиски јазик

- Препораки од двајца професори и

- Кратка биографија (CV)

Заинтересираните студенти да ги достават документите на следнава е-маил адреса info@nant.gov.mk, најдоцна до 10.01.2014 г.

Контакт лице:

Проф.д-р Златко Димчовски

Директор на Национална Агенција за НуклеарниТехнологии (НАНТ)

Ул.Кеј Димитар Влахов бр.4

1 000 Скопје

Тел: 02 3 122 905

Е-маил: info@nant.gov.mk

27.12.2013  

ОДРЖАНО ПРЕДАВАЊЕ НА УКЛО

Познатиот научник и истражувач во областа на нуклеарната физика, вештачката интелигенција и биомедицината, проф. д-р Златимир Димчовски, на 27.12.2013 година одржа предавање на тема „Церн и Република Македонија - сегашна и идна соработка во научни и индустриски проекти“.

Во предавањето наменето за академската и пошироката јавност, професор Димчовски говореше за соработката на Женевскиот центар  за нуклеарни истражувања со Република Македонија и посебно со УКЛО и индустријата во овој регион.

Како директор на националната  Агенција за нуклеарна технологија, д-р Димчовски ја искажа подготвеноста, освен за академската заедница, ЦЕРН да  ги отвори вратите и за македонски компании.

По повод пригодата, ректорот, проф. д-р Златко Жоглев истакна дека д-р Димчовски е почесен професор на УКЛО и негов докажан пријател, при што се заблагодари за соработката при вклучување на академски кадар и студенти од техничките науки во експерименталните и ИТ програмите на ЦЕРН.

24.12.2013  

COST News – Декември 2013

Најнови информации за COST – меѓувладина рамка за европска соработка во науката и технологијата, значајна во градењето на европската истражувачка област (European Research Area - ERA).

Превземи тука

24.12.2013  

РЕСЕРТИФИКАЦИЈА ПО СТАНДАРДОТ ISO 9001:2008

На 18.12.2013 година во Ректоратот на УКЛО се реализира екстерен аудит за ресертификација на Системот за менаџмент на квалитет со опфаќање на сите процедури изработени по стандардот ISO 9001:2008.

Од овластената институција за сертифицирање SGS United Kingdom LtdSystems & Services Certification, екстерните аудитори извршија проверка на сите процедури од Системот за менаџмент на квалитет и на нивната реализација по стандардот ISO 9001:2008, при што констатираа дека нема неусогласености и дека Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола целосно ги исполнува сите критериуми за ресертификација по стандардот ISO 9001:2008 и за наредните три години (2014-2017).

Ваквата ресертификација преставува континуитет во успешната реализација на Системот за менаџмент на квалитет по стандардот ISO 9001:2008, кој на УКЛО е имплементиран уште во 2007 година.

20.12.2013  

МОЖНОСТ ЗА ПОЧЕТОК И РАЗВОЈ НА КАРИЕРА ВО ЕВН МАКЕДОНИЈА

Во рамките на соработката помеѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола  и ЕВН Македонија, а во насока  на професионално усовршување на млади, ЕВН Македонија отвора повик за развојот на кариера наменет за апсолвенти или дипломирани студенти преку проектот Trainees 2014.

Рокот на пријавување е до 27.12.2013 г.

Проектот Trainees 2014  нуди можност за почеток и развој на кариера преку 1 годишна работа.

За повеќе информации:

http://www.evn.mk/getdoc/c399dfa2-6839-4340-a4f4-b52fabc7b3ff/Tr-MK.aspx

20.12.2013  

Потпишан договор за соработка со Универзитетот во Белград

Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола и Универзитетот во Белград потпишаа договор за соработка.

Заедничкиот интерес за развивање наставно - научни активности и за интензивирање други форми на академско дејствување е во основата на иницијативата којашто се официјализира со потписите на  ректорот на УКЛО, проф. д-р Златко Жоглев и неговиот белградски колега, академик Владимир Бумбаширевиќ.

Договорот  за соработка  претставува општа рамка преку која одделните членки односно единици во составот на универзитетите со посебен анекс ќе може да го дефинираат видот, обемот и конкретните принципи за реализација на актвностите.

И покрај тоа што универзитетите веќе бележеа некои форми на билатерална соработка во минатото, ова е прв званично потпишан договор чиешто значење е дотолку поголемо што Универзитетеот во Белград е еден од 500-те најдобро рангирани во светот, а дополнително се иницира  билатерална соработка во светлото на регионалните приоритети во европскиот високообразовен простор.

17.12.2013  

Отворени повици за Програмата HORIZON 2020

Подетални информации за првите повици објавени во рамките на Програмата: http://ec.europa.eu/programmes/horizon2020/en/newsroom/548/

13.12.2013  

Гостувачко предавање на Педагошки факултет

На 12. декември 2013 година, на Педагошкиот факултет, професорот Микеле де Бени, од Италија, одржа предавање и презентација на книгата“ Педагогија на заедништвото и Agazzi методатa“.

Пред академската јавност, наставниот кадар и студентите на факултетот, гостинот од Италија посебно се осврна на Agazzi методата истакнувајќи дека целта е да се создаде педагогија која во центарот на вниманието ја става вредноста на единката во заедницата.

Книгата ја претстави Ректорот проф. д-р Жоглев, а за неа говореше и проф. Ана Лиза Гаспарини.

Во рамките на посетата на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, гостинот од Италија, професорот Микеле де Бени оствари средба со ректорот, проф. д-р Златко Жоглев.

13.12.2013  

Промовиран проектот „Обезбедување на алтернативни предучилишни услуги“

На плоштадот Магнолија во Битола, 12 декември 2013 година се одржа

промоција на проектот „ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА АЛТЕРНАТИВНИ ПРЕДУЧИЛИШНИ УСЛУГИ“, во којшто Високата Медицинска школа, односно Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола е во улога на водечки партнер.  

На настанот, истакнати се придобивките од проектот и очекуваните резултати. Станува збор за проект што започна на 2.7.2013 година и ќе трае до септември 2014 година - период во којшто целната група од 150-на деца на возраст од 3 до 6 години во 12 села од општините Битола и Новаци ќе добиваат предучилишни услуги и ќе бидат во допир со раното учење.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Инструментот за претпристапна помош ИПА - програма за прекугранична соработка помеѓу Грција и Македонија.

10.12.2013  

ВАЖНО!!! НОВА МОЖНОСТ ЗА СТУДЕНТСКА МОБИЛНОСТ

Ги повикуваме  студентите и академските кадри на УКЛО, како единствен универзитет од Република Македонија учесник во Програмата ЕРАЗМУС МУНДУС Акција 2 СИГМА  да ја искористат можноста за аплицирање за мобилност во размена во дополнителниот повик во рамките на СИГМА програмата.

Во повикот што ќе биде отворен почнувајќи од 6 декември 2013 до 3 февруари 2014 година  ќе бидат понудени мобилности во рамките на сите три циклуси на студирање.

За подетални информации посетете ја веб страната на проектот:

www.sigma.uw.edu.pl
 
Видео презентација за Техничкиот универзитет во Вроцлав, Полска - еден од партнерите во СИГМА:
http://www.youtube.com/watch?v=BwM7lP-2eLE 

 

06.12.2013  

Предавање на Академик Глигор Каневче, професор емеритус на УКЛО

Првиот носител на звањето Професор Емеритус на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Академик Глигор Каневче, на 06.12. 2013 година во свечената сала на Ректоратот, стара Касарна, одржа предавање на тема: „Долгорочно планирање на развојот на енергетиката - можности и предизвици“.

Академик Каневче нагласи дека Република Македонија не е богата со енергенси, но анализите покажуваат дека ќе може да ги задоволува своите потреби, нагласувајќи дека, производството на електрична енергија може да се избалансира со потрошувачката во периодитие што следуваат.

Предавањето е дел од активностите по повод Патронотот на УКЛО, 8 Декември.

УКЛО по првпат во своето постоење додели звање професор емеритус и ова високо универзитетско признание е доделено на единствениот академик во  универзитетската заедница на УКЛО, пензионираниот професор од Техничкиот факултет - Битола,  научник во вистинска смисла на зборот, проф. д-р Глигор Каневче, кој на научната јавност и е познат по исклучителниот придонес во областа на енергетиката, особено националната.

06.12.2013  

Европски стипендии за мастер студии за социјална работа

Ве известуваме за можноста за аплицирање за целосни стипендии наменети за мастер студии за социјална работа во рамки на Европската програма ERASMUS MUNDUS.

Повеќе информации можете да добиете на www.socialworkadvances.org

05.12.2013  

ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ДЕН НА УКЛО

galerija 05.12/13

Во рамките на одбележувањето на 8 Декември, Патрониот празник на УКЛО, на 05.12.2013 година, се одржа свеченост на која свое обраќање  имаше Ректорот, проф. д-р Златко Жоглев. Нагласувајќи ја 34 годишната едукативна дејност на УКЛО, Ректорот се осврна на развојот на Универзитетот и задачите во наредниот период.

На свеченоста промовирани се неколку високи академски чинови. За прв пат,  УКЛО додели почесно звање, професор емеритус. Значајното универзитетско одличје е доделено на  единствениот акдемик од универзитетската заедница на УКЛО, д-р Глигор Каневче.

Звањата  почесни професори доделени се на д-р Себастиан Кемпген, посветен славист од Универзитетот во Бамберг, Република Германија и на  д-р Јозеф Лауринчик,активен истражувач и визитинг професор од Универзитетот во Нитра, Република Словачка.

Титула почесен доктор на науки УКЛО ја додели по четврти пат и ова високо признание го понесе професор Ролф Голоб, раководител на Центарот за меѓународни образовни проекти при Универзитетот во Цирх, Швајцарија.

По повод Патриот ден,  доделени се награди за најдобро дипломираните студенти во академската 2012-2013 година како и наградите за најдобрите остварувања на Конкурсот за истражувачки труд и есеј.

Во рамките на чествувањата, повеќе делегации положија цвеќе пред споменикот на светителот Климент, во Ректоратот на УКЛО.

05.12.2013  

ПРОМОВИРАНИ ДОКТОРИ НА НАУКИ

Во рамките на одбележувањето на Патрониот ден на УКЛО, на пригодна свеченост што се одржа на 04.12.2013 година, во Салата за состаноци на Ректоратот во комплексот Касарни - Битола, промовирани се доктори на науки на Универзитетот „Св.Климент Охридски" - Битола.

Во рамките на настанот, ректорот проф. д-р Златко Жоглев промовира 23 нови доктори на науки:  листа

Од формирањето на Универзитетот, досега на УКЛО докторирале 204  доктори на науки.

04.12.2013  

ПРЕДАВАЊЕ НА ПРОФЕСОР ЈОЗЕФ ЛАУРИНЧИК

На 04.декември во просториите на Факултетот за биотехнички науки, професорот Јозеф Лауринчик одржа предавање на тема Ембриологија и ембриотрансфер. Пред академската јавност, наставниот кадар и студентите на Факултетот професорот Лауринчик се осврна на почетоците на методот на ембриотрансфер, неговиот развој, како и перспективите на овој метод во иднина. Потенцирајќи ја важноста на овој метод, професорот Лауринчик, укажа на неговата почеста примена во хуманата и ветеринарната медицина.

Д-р Јозеф Лауринчик е професор на Катедрата за Зоологија и Антропологија на Факултетот за природни науки на Универзитетот Константин Филозоф во Нитра Словачка. Во знак на признание на неговата импресивна научно-истражувачка кариера и неговиот придонес во развојот на ветеринарните науки, проф. д-р Јозеф Лауринчик, ќе биде прогласен за почесен професор (Professor Honoris Causa) на Универзитетот „Св.Климент Охридски“- Битола.

04.12.2013  

Одржани спортски натпревари

Во спортските сали  “Павел Шатев“ и „Младост“ на 04.12.2013 година, се одржаа натпреварите од второто коло во Државните Универзитетски лиги на Република Македонија во кошарка и мал фудбал како и државните првенства во шах и пинг-понг. Гости - учесници на спортските натпревари беа студентите од Универзитетите: „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје „Гоце Делчев“ – Штип,  ФОН, Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово, Европски универзитет – Скопје, Меѓународниот Славјански универзитет и Бизнис Академија Смилевски.

02.12.2013  

ВО ЧЕСТ НА ПАТРОНОТ НА УКЛО

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола со повеќе настани ќе го одбележи Патрониот ден, 8 Декември.

Одбележувањето ги вклучува следните активности:

 04.12.2013 г. промоција на доктори на науки, преглед

 04.12.2013 г. предавање д-р Јозеф Лауринчик, Почесен професор,   покана  

 04.12.2013 г.  спортски натпревари

 05.12.2013 г.  Свеченост, покана

 06.12. 2013 г. предавање Академик Глигор Каневче, Професор  Емеритус,  покана

29.11.2013  

ПРОМОЦИЈА НА BASILEUS V И КРЕДО ЦЕНТАРОТ

Во тек е презентација на можностите за студентска размена во рамки на програмата BASILEUS на сите единици во состав на Универзитетот.

Претставниците од Канцеларијата за меѓународна соработка пред студентите и академскиот кадар на Универзитетот ги презентираат општите услови за аплицирање, но и поспецифичните аспекти на програмата BASILEUS, со цел нејзино приближување до потенцијалните апликанти од УКЛО.

Промотивната тура се одвива според следната агенда:

Технолошко-техничкиот факултет - 26.11.2013

Факултетот за безбедност - 26.11.2013

Педагошкиот факултет - 28.11.2013

Факултетот за биотехнички науки - 28.11.2013

Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи - 28.11.2013

Технички факултет - 10.12.2013

Висока медицинска школа, Економски факултет, Факултет за туризам и угостителство, Правен факултет - во периодот од 11.12. до 21.12.2013

Дополнително, сите заинтересирани студенти подетални информации можат да најдат на www.basileus.ugent.be

Паралелно со презентацијата на програмата за студентска размена, пред студентите на Универзитетот, се промовира и Универзитетскиот КРЕДО центар за кариерен развој, доживотно учење и алумни.

Промоцијата на КРЕДО центарот е со цел студентите поблиску да се запознаат со оваа нова организациона содржина, начинот на нејзино функционирање и услугите што, првенствено, ќе бидат достапни за студентите на Универзитетот.

До очекуваното ставање во функција на посебната web страна на КРЕДО центарот, сите заинтересирани подетални информации можат да прочитаат на  http://uklo.edu.mk/categories/view/191.

29.11.2013  

ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА ОБЈАВУВАЊЕ ТРУДОВИ

Се известуваат сите заинтересирани дека рокот за објавување трудови во научното списание Хоризонти на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ - Битола се продолжува до 15 јануари 2014.

28.11.2013  

УКЛО се вклучи во акцијата Ден на дрвото

Во акцијата Ден на дрвото, што се одржа на 27 ноември 2013 г. се вклучија студенти и професори од УКЛО.

Тие пошумуваа на повеќе локации во општините од Југозападниот регион, во кои се сместени единиците на УКЛО.

Годинашната акција за пошумување е организирана под мотото „Засади здравје! Засади иднина!“

<< претходно | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | следно >>

xxxx