Единици

EMail сервис


 
 
 
 
 
 

<< претходно | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | следно >>

Новости

03.06.2014  

Конкурс за истражувачки труд и есеј

Преземи конкурс тука.

30.05.2014  

Првата интернационална Конференција на високите школи и факултетите од областа на сестринството

Високата медицинска школа – Битола е домаќин на Првата инетрнационална конференција на високите школи и факултетите од областа на сестринството што на 30 и 31 мај 2014 година се одржува на тема „Превенција, нега и едукација на болните од  хронични незаразни заболувања“.

Конференцијата ја прогласи за отворена директорката на Високата медицинска школа, проф. д-р Стојна Ристевска а од името на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола успешна работа на учесниците од поширокиот регион им посака проректорот за наука, проф. д-р Јованка Тутеска. Дебатите и размената на искуства низ пленарните сесии треба да помогнат во успешното соочување со предизвиците од зачестеноста и присутноста на овие заболувања, со акцент врз превентивната нега.

Во рамките на Конференцијата промовирано е првото списание Македонско сестринство, основано од Фондацијата „ Д-р Котевски“ и Здружението на медицински сестри од Битола.

Високата медицинска школа – Битола од минатата година е членка на Европската мрежа на сестринство.

27.05.2014  

ЗАВРШИ УНИВЕРЗИТЕТСКАТА ФУТСАЛ ЛИГА „УКЛО 2014“

Над 100 студенти  од УКЛО зедоа учество на Универзитетската лига во футсал, во 12 екипи од сите единици на УКЛО.

Најуспешна е екипата на Технолошко-техничкиот факултет од Велес Пехарите и медалите на најдобропласираните учесници им ги доделија проректорите проф. д-р Пере Аслимоски и проф. д-р Никола Крстаноски. 

Конечен редослед на Универзитетската лига во футсал 2014:

1.     Технолошко – тех. факултет – Велес

2.     Факултет за безбедност – Скопје

3.     Економски факултет – Прилеп

4.     Педагошки факултет – Битола

Во соработка со Студентскиот Парламент на УКЛО, кон крајот на мај 2014 година треба да се одржи и дводневен турнир во баскет за студентите на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола.

20.05.2014  

УКЛО И СТУДЕНТИТЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ХУМАНИТАРНАТА АКЦИЈА ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ПОДРАЧЈА

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Студентскиот парламент на УКЛО во соработка со Црвениот крст на Република Македонија се вклучја во акцијата за помош на настраданото население од поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина.

Покрај Универзитетот на централно ниво и единиците во негов состав се вклучени во хуманитарната акција.

На сите единици во состав на УКЛО поставени се пунктови за собирање на помошта, при што, волентерите од Студентскиот парламент се вклучени и во активностите што се реализираат на плоштадот „Магнолија“  низ следните приоритетни донации: 

- вода за пиење - флаширана

- средства за хигиена

 - ќебиња

- храна за бебиња

- донации на парични средства

- прехрамбени производи (конзервирани, трајни)

Акција ќе трае до 31.05.2014 година.

Лице за контакт на ниво на УКЛО: Александар Тодоровски: контакт: 071 217415, е-маил: aleksandar.todorovski@uklo.edu.mk

20.05.2014  

СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИТЕ НА УКЛО ОД ЕВН МАКЕДОНИЈА

Во рамките на соработката помеѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола  и ЕВН Македонија, а во насока  на професионално усовршување на млади и талентирани студенти, ЕВН Македонија ќе стипендира студенти од електро-техничка струка од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола 

За повеќе информации кликни тука.

Апликациите за стипендирање да се достават најдоцна до  26 Мај 2014 година  на следната е-пошта   stipendii@evn.mk.

Формулар за аплицирање

15.05.2014  

Отворен ден на УКЛО

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола за сите средношколци, идни магистранти и докторанти организираше Ден со УКЛО.

На 14 Мај 2014 година, на платото пред битолскиот народен театар, единиците на УКЛО на посебни штандови ги претставија студиските програми во трите циклуси на образование, вкупните перформанси и научно – истражувачката дејност што се остварува на УКЛО.

Според одлуката на Владата, во новата академска година на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола има 3595 слободни  места.

Манифестацијата Отворен ден на УКЛО се реализира по втор пат, во соработка со општина Битола.

Отворениот ден на УКЛО беше збогатен со музичка програма.

12.05.2014  

Меѓународна летна школа за студентите по економија, право и останати сродни области

Од 30 јуни до 12 јули, 2014, на Факултетот за економија при Универзитетот во Риека, Хрватска, ќе се одржи 10-тата меѓународна летна школа "International Environment and the European Integration".

Целта на оваа летна школа е да се збогати знаењето на студентите по економија, право и други сродни области за основите на економските интегративни процеси во Европа, како и да се детектираат и нагласат предностите и предизвиците на економските интеграции во секојдневниот живот.

Сите потребни информации и документи за пријавување може да се најдат на http://www.efri.hr/en/summer-school

06.05.2014  

Второ место на ораторски натпревар за УКЛО

Андриана Поповска, студент од Правниот факултет, дисперзирани студии - Битола го дели второтo место на натпреварот во ораторство на тема „ЕУ интеграција наместо миграција“.

Настанот се одржа во рамките на манифестацијата Европскиот студентски собир, организиран по повод  Денот на Европа - 9 Мај.

УКЛО со триесетина студенти од Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи и Правниот факултет зеде учество и во дебатата на тема: „ЕУ како предизвик за младите во Македонија“.

Домаќин на настанот што се одржа на 6 Мај 2014 година беше Универзитетот „Гоце Делчев“   – Штип.

06.05.2014  

Ректорот на УКЛО избран за меѓународен член на САО

Проф. д-р Златко Жоглев, ректорот на УКЛО, е избран за меѓународен член на Српската амадемија за образование .     

Повелбата на Ректорот му ја додели Академик Младен Вилотијевиќ, редовен член при САНУ.

Според Академик Грозданка Гојков, научниот ангажман и трудовите од областа на образованието се потврда за  изборот на проф. д-р Златко Жоглев за меѓународен член во Академијата за образование на Србија.

Високото признание, проф. д-р Златко Жоглев, ректор на УКЛО го доживува во насока на продлабочување на академската соработка и отворање дополнителни можности за зајакнување на меѓусебната и регионална доверба.

05.05.2014  

ЈАВЕН ПОВИК!

Советот за јавни набавки објавува ЈАВЕН ПОВИК за избор на стручни лица  по области кои ќе помагаат при одлучување за давање согласност.
Повик
Барање

29.04.2014  

Можност за практиканска работа во ЕВН МАКЕДОНИЈА

Во рамките на соработката помеѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола  и ЕВН Македонија, а во насока  на професионално усовршување на млади, ЕВН Македонија, нуди можност за спроведување на практикантска работа за време на летниот период (јули, август септември) 2014 година.

Рокот на пријавување е до 20 мај 2014 година.

За повеќе информации види оглас 1 и оглас 2.

28.04.2014  

Одбележан Денот од основањето на УКЛО

По повод 25-ти април, Денот на основањето на Универзитетот во 1979 година, одржано е пригодно одбележување на коешто покрај раководството на Универзитетот присуствуваа  сенатори, декани и директори на високообразовните институции во состав на УКЛО.  

Во рамките на пригодата, обраќање до присутните имаше ректорот, проф. д-р Златко Жоглев којшто се осврна на развојниот пат на Универзитет„Св.Климент Охридски“ - Битола во изминатите 35 години постоење.

28.04.2014  

Промоција на нови доктори на науки

На 28.04.2014 година се одржа свечена промоција на доктори на науки. Ректорот, проф. д-р Златко Жоглев промовира осум нови  доктори на науки.

Од формирањето на Универзитетот досега, докторирале 212  доктори на науки.
Преглед.

22.04.2014  

За студентите на УКЛО – можност за изучување на шпанскиот јазик и култура

Институтот од Севиља нуди летни курсеви за изучување на шпанскиот јазик и култура. Курсевите се организирани во месеците јуни, јули и септември.

Повеќе информации можете да добиете тука.

15.04.2014  

НОВО! Резултати од ИПА Програмата за за прекугранична соработка помеѓу РГрција и РМакедонија

Објавени се резултатите од 3-от Повик на Програмата за прекугранична соработка помеѓу РГрција и РМакедонија, во чиишто рамки на УКЛО му се одобрени грантови за следниве предлог проекти:

- Cross border stem cell regenerative medicine center, акроним REMEDIC регистриран под бр.6062 и предложен од Висока медицинска школа – Битола;

- Soil degradation assesment and rehabilitation strategies for sustainable land use planning, акроним TERRA_MED, регистриран под бр.6140 и предложен од Факултет за биотехнички науки – Битола и

- Water.Net/Water Protection Thematic Park Actions, акроним WATER.NET, регистриран под бр. 6161 и предложен од Факултет за туризам и угостителство – Охрид  

 

Подетални информации на веб страната на Програмата:

http://www.ipa-cbc-programme.eu/index.php/news/93-results-of-the-3rd-call-for-project-proposals

10.04.2014  

УКЛО учесник на Саемот за образование

Во рамките на промотивните активности, Универзитетот „Св. Климент Охридски “ – Битола е меѓу редовните учесници на Саемот за образование и кариера, каде е претставен со посебен штанд.

Запознавањето со високообразовните единици и студиските програми за трите циклуси на образование е еден од начините за доближување до потенцијалните студенти, при што се информира за севкупните услови за студирање на УКЛО, практичната обука и можностите за  вработување.

Манифестацијата се одржува на Скопски саем, од 10 до 12 април 2014 година.

Покрај со учество на Саемот, образовната понуда на нашиот Универзитет се афирмира низ непосредна интеракција, преку отворени денови на единиците и Универзитетот и низ други форми на презентација на перформансите и предностите на УКЛО.

08.04.2014  

ЗАПОЧНА УНИВЕРЗИТЕТСКАТА ФУТСАЛ ЛИГА „УКЛО 2014“

Од 08.04.2014 година во Универзитетската спортска сала „Павел Шатев“ во Битола се одржуваат натпреварите од Универзитетската футсал лига на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола .

Учесниците се распоредени во три групи по четири екипи и најдобропласираните во групата продолжуваат во плејоф натпреварите.

На завршницата на универзитетската лига, кон крајот на мај, ќе се одиграат финалните натпревари, по што ќе биде познат победникот за годинава. 

07.04.2014  

Натпревар во пишување на тема: „Што претставува проширената ЕУ за вас?“

Организатор на овој натпревар е Генералниот директорат за проширување на Европската Комисија. Натпреварот е отворен за граѓаните на 28-те земји членки, како и за земјите кандидати или потенцијални кандидати од Југоисточна Европа (Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Турција). Учесниците треба да се на возраст од 15 до 25 години до крајниот рок за поднесување на пријавите, а пријавата може да се поднесе на било кој службен јазик на земјите од ЕУ или на било кој службен јазик на земјите-кандидати и потенцијални кандидати од Југоисточна Европа (подетални информации: http://europa.eu/about-eu/facts-figures/administration/index_en.htm). Натпреварот ќе се одвива во две категории: од 15 до 18 години и од 19 до 25 години.

Краен рок за пријавување: 11.05.2014 г. (електронска испорака или препорачана пошта).

Повеќе информации: http://ec.europa.eu/enlargement/news_corner/writing-competition/index_en.htm

25.03.2014  

On-line предавање на проф. д-р Мајкл Дозер

Во организација на Националната Агенција за Нуклеарни Технологии на Република Македонија, на 26.03.2014 г. (среда) со почеток во 8:45 часот, ќе се одржи четврто по ред предавање на проф.д-р Мајкл Дозер, почесен професор на УКЛО-Битола.

Линк за пристап: https://vidyoportal.cern.ch/flex.html?roomdirect.html&key=plYYkmNK7s3f

Доколку за прв пат учествувате на предавањата, контактирајте го лицето Ненад Стојаноски, референт за технички прашања, на сл. е-маил адреса: nenad.stankovski@nant.gov.mk

25.02.2014  

ЗЛАТО ЗА УКЛО НА УНИВЕРЗИТЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО АЛПСКО СКИЈАЊЕ

Стефанија Талевска, студент од Техничкиот факултет – Битола  го освои златниот медал на Универзитетското првенство во алпско скијање.

На спортскиот студентски настан, единствен од ваков вид во државата, Универзитетот „Св.Климент Охридски“ - Битола го претставуваа студентите Стефанија Талевска во женска и Јовче Даскаловски од Економскиот факултет – Прилеп, во машка конкуренција.

Седмата универзитетска скијачка манифестација се одржа на Попова Шапка од 21-22 февруари 2014 година, во организација на Универзитетската спортска федерација на Македонија и домаќинот, Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово.

25.02.2014  

ЗА СИТЕ АВТОРИ НА ТРУДОВИ ВО ХОРИЗОНТИ

Се известуваат сите автори на трудови кои доставиле свој труд на Повикот за објавување трудови во меѓународното списание Хоризонти, дека започна процесот на рецензирање на трудовите. Авторите ќе бидат дополнително контактирани, доколку има потреба.

24.02.2014  

Конкурс за утврдување на предлог за член во Програмскиот совет на МРТ

Преземи конкурс тука.

Изјава

13.02.2014  

Три години УКЛО ФМ

По повод тригодишнината од успешното функционирање, Универзитетското радио УКЛО ФМ и раководството на Универзитетот им доделија благодарници на соработниците волонтери, со чијашто помош редовно се емитуваат 30 авторски емисии.

УКЛО ФМ започна да работи пред три години како непрофитно радио наменето за информирање на студентите на Универзитетот, но и за нивно директно вклучување во создавањето на радиските содржини. Така, во моментот како соработници волонтери во радиото активно се вклучени 31 студент од сите единици во состав на Универзитетот.

Програмската содржина изобилува со емисии од повеќе области, а пред се образование, музика, култура, спорт, екологија, мода, забава и сл.

УКЛО ФМ може да се следи на фрекфенцијата на радиото, 90,8 MHz, како и на интернет линкот http://217.115.140.23:8015/bitolauniverzitet.m3u

04.02.2014  

НОВО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПОВИКОТ ЗА SIGMA

Во рамките на повторениот повик за аплицирање за стипендии во рамките на SIGMA Програмата најавено е ново ПРОДОЛЖУВАЊЕ на крајниот рок до 10 февруари 2014, 13:00 часот, Централно европско време.

Се повикуваат сите апликанти што не успеале да ја комплетираат својата апликација во претходниот рок тоа да го сторат сега, а свои on-line апликации да достават и  сите други заинтересирани, посебно младиот наставно-научен и соработнички кадар на УКЛО, бидејќи и понатаму најмногу стипендии се достапни за 6-месечна размена на докторско и пост-докторско ниво.

On-line апликацијата е достапна преку порталот на Програмата на: www.sigma.uw.edu.pl

31.01.2014  

Се продлабочува соработката меѓу Секретаријатот за европски прашања и Универзитетите

Шест универзитети од Република Македонија меѓу кои и УКЛО, на 29.1.2014 година потпишаа  Меморандум за соработка со Секретаријатот за европски прашања.

Со Меморандум треба да се продлабочи соработката меѓу Секретаријатот и универзитетите во Република Македонија преку изработка на заеднички проекти за истражување, дебати, предавања и аплицирање за нивно финансирање во земјата и во странство.

Меморандумот предвидува стажирање на студенти во Секретаријатот во рамки на образовните програми  како и доделување стипендии.

Ректорите потписници на Меморандумот, меѓу кои и ректорот на УКЛО, проф. д-р Златко Жоглев, изразија задоволство од иницијативата и го поздравија потегот за продлабочување на взаемната соработка со Секретаријатот за европски прашања, со што, според нив, младите ќе имаат поголеми можности за запознавање и информирање за интегративните процеси на земјата, како и можност за постдипломски студии во земјата и странство.

<< претходно | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | следно >>

xxxx