Единици

EMail сервис


 
 
 
 
 
 

<< претходно
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | следно >>

Новости

24.09.2014  

ПРАКСА ВО АКСЕЛТРА

Друштво за информатички технологии Акселтра дооел Експорт-Импорт Скопје има потреба за 4 практиканти. Заинтересираните кандидати може да аплицираат на: jobs@axeltra.com и да го испратат своето CV со назнака „Пракса-Битола“.

Практикантите ќе работат во областа на интернет маркетингот и предпродажбата, управување на односите со клиентите и ќе бидат запознаени со активностите како истражување на пазар, маркетинг преку социјалните медиуми, е-маил маркетинг, SEO техники, AdWords кампања итн.

Огласот се однесува на платена пракса со полно работно време во канцеларијата во Битола, во Деловен центар „Пелагонка 2“ со времетраење од 3 месеци.

Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју во просторите на Акселтра за кое ќе бидат дополнително известени.

18.09.2014  

Стартува новиот Факултет за информатички и комуникациски технологии

Со пригодна свеченост што се одржа на 18.09.2014 година, започнаа академските студии за првата генерацијата бруцоши од новиот Факултет за информатички и комуникациски технологии во Битола.

По овој повод, ректорот, проф. д-р Златко Жоглев се осврна на значењето на во областа на информатичките и комуникациски техноголии во услови кога тие се меѓу најзначајните придвижувачи на економиите и општествата.

На свеченоста присуствуваше и министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски којшто го поддржа отворањето на овие студии. Во своето обраќање, тој се осврна на предизвиците и перспективите што ги нуди новата единица на УКЛО, во ера на брзи промени и се понагласена потреба од стручњаци во оваа област на светско ниво.

В.д. деканот на Факултетот, доц. д-р Томе Димовски,  на најдобро рангираните студенти им ги додели индексите, со што симболично е означен почетокот на студиите на новиот Факултет.

Во првата генерација на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, запишани се над 350 студенти.

16.09.2014  

Продолжен договорот за соработка со софискиот универзитет

Во Ректоратот на УКЛО, на 16.09.2014 година, ректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ - Битола проф д-р Златко Жоглев со неговиот колега од Софискиот универзитет „Св.Климент Охридски“ - Софија, проф. д-р Иван Илчев, потпишаа Договор за соработка.

Во духот на академската соработка, со посебен акцент на регионалната соработка,  продолжениот Договор за соработка отвора можности во повеќе сектори меѓу кои: организирање на заеднички истражувачки проекти, научни конференции и пред се  мобилности на кадарот и студентите.

На средбата стана збор за поведување инцијатива за издавање заеднично научно списание како дел од активностите на  новоформираната Асоцијација на универзитетите од Балканот.

Воедно, ректорот Илчев ја презентира својата иницијатива за упатување званична покана за учество и работа нa кадри и професори од УКЛО од областа на биологијата, метеорологијата и геологијата, за учество и работа во истражувачката станица во Антарктикот којашто дејствува во рамките на универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Софија.

Двајцата ректори се согласни дека со Договорот се отвораат и дополнителни можности за соработка и партнерски односи и помеѓу одделните единици на двата универзитета.

15.09.2014  

Започна новата академска 2014/15 година

На сите единици на УКЛО, првиот академски час за новата генерација студенти започна на 15 септември 2014 година.

Срдечно добредојде на УКЛО и успех во животот и студиите, ректорот, проф. д-р Златко Жоглев упати од Техничкиот факултет – Битола, кадешто со раководството на Универзитетот присуствуваа на првиот академски час.

По повод почетокот на новата академска 2014/2015 година, на 18 септември 2014 г. на Техничкиот факултет во Битола, во 10 часот, пригодно ќе биде одбележано отпочнувањето со работа на новиот Факултет за информатички и комуникациски техноголии.

Покрај менаџментот на УКЛО, на настанот се очекува присуство на претставници од Министерството за образование и наука и од Министерството за информатичко општество и администрација и  други личности од јавниот и политичкиот живот во Регионот.

04.09.2014  

Успешна реализација на вториот уписен рок на УКЛО

Конкурсот за запишување студенти во прва година на прв циклус студии на УКЛО и во вториот уписен рок е спроведен успешно.

Бројот на пријавени кандидати во двата уписни рока изнесува 2099, од кои, во вториот уписен рок се пријавиле 792 кандидати, што претставува реализација на конкурсните квоти од  57%.

Најголем интерес во вториот уписен рок кандидатите покажале за Факултетот за безбедност, Факултетот за туризам и угостителство, Правниот факултет и Факултетот за информатички и комуникациски техноголии.

УКЛО ќе спроведе и завршен, трет уписен рок на 15 септември, при што, право да конкурираат имаат и матурантите со положена училишна матура и завршен испит.

Инаку, според Конкурсот, во прва година додипломски студии во академската 2014/2015 година, на  универзитетот „Св. Климент Охридски“ може да се запишат 3665 студенти. Од нив 2155 се во државната квота, 970 во квотата со кофинансирање и 540 места

за вонредни студенти.

22.08.2014  

ЈАВЕН ПОВИК за избор на најдобри бизнис планови

Почитувани студенти,

 

Ве потсетуваме дека Јавниот повик за избор на најдобар Бизнис план и за започнување на бизнис  под мотото „Биди перспективен започни свој бизнис„ на кој  може да аплицираат сите студенти и млади лица од 18 до 30 години трае до 15.09.2014 година.

Учесниците ќе се натпреварот за избор на 5 најдобри бизнис планови на кои ќе им бидат доделени плакети, ваучери и парични награди.

Јавниот повик и упатството за пишување бизнис план можете да ги најдете на подолните линкови.

 

Преземи повик и упатство.

21.08.2014  

Нова шанса за упис на УКЛО

На Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола во прва година на прв циклус студии, во првиот уписен рок конкурираа 1307 потенцијални студенти или 36 % од вкупниот број, процент што е  сличен  на минатата година.

За оваа академска година, УКЛО покрај на постојните, врши  уписи и на новиот Факултет за информатички и комуникациски техноголии.

Имајќи ги во вид бројот на пријавени кандидати и објавените прелиминарни ранг листи,  УКЛО планира дополнително да објави над 2000 слободни места за запишување на Универзитетот.

Нова шанса за упис, незапишаните матуранти ќе имаат во уште два уписни рока и тоа: на 1-ти и 2-ти септември во вториот уписен рок и на 15-ти септември 2014 година во третиот уписен рок. Во овие уписни рокови, право да конкурираат за индекс имат и лицата кои положиле училишна матура  или завршен испит.

По запишувањето на примените кандидати во првиот уписен рок, ќе биде  објавен дополнителен Конкурс за упис на студенти во прва година на прв циклус студии со прецизни податоци за бројот на слободните места.

Износот за партиципација е 200 евра во државна квота, 100 евра зa дисперзираните студии  и по 400 евра за кофинансирање и за вонредни студии.

Генерално, на ниво на УКЛО проекциите се  вкупниот број на запишани студенти да се движи до 2000 студенти.

21.08.2014  

УКЛО со поддршка за најдобрите студенти

Универзитетот „Св. Климент Охридски" - Битола ја продолжува политика за стимулирање на најдобрите студенти и презема активности за перманентна поддршка на студентскиот активизам и иницијативност.

Според  Конкурсот за  запишување студенти на прв циклус студии,  на секоја единица на Универзитетот, од сите студиски програми заедно, еден најдобро рангиран кандидат (со највисок број на поени) во квотата на примените редовни студенти, по завршувањето на првиот уписен рок, ќе биде ослободен од плаќање партиципација за првата година на студии.

Универзитетот ќе донесе посебна Програма за поттикнување и поддршка на студентите кои во текот на студирањето ќе постигнат најдобар успех и резултати, со посебна стимулација за студентите од техничките науки.

Во рамките на политиката на УКЛО за поддршка на најдобрите студенти, стимулации се нудат и на втор циклус студии.

Имено, на секоја студиска програма пет проценти (5%) од запишаните најдобро рангирани студенти во академската 2014/2015 година, ќе бидат ослободени од плаќање кофинансирање.

21.08.2014  

Завршна Конференција на проектот „Обезбедување на алтернативни предучилишни услуги“

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола и Високата медицинска школа на 21 и 22 август 2014 година се организатори на завршната Интернационална конференција „Добри регионални практики за обезбедување холистички развој на предучилишни деца“ .

Конференцијата е завршна активност од Проектот „ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА АЛТЕРНАТИВНИ ПРЕДУЧИЛИШНИ УСЛУГИ“, во којшто Високата Медицинска школа, односно Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола е во улога на водечки партнер.  

На настанот, ректорот на УКЛО, проф. д-р Златко Жоглев  се осврна на придобивките од проектот и очекуваните резултати.

Станува збор за проект што започна во 2013 година, во којшто целната група од 150-на деца на возраст од 3 до 6 години во 12 села од општините Битола и Новаци  добиваат предучилишни услуги и ќе бидат во допир со раното учење.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку Инструментот за претпристапна помош ИПА - програма за прекугранична соработка помеѓу Грција и Македонија.

18.08.2014  

Финансиска поддршка на научно – истражувачката и творечката дејност

Министерството за образование и наука објави два конкурси за доделување еднократни финансиски средства, со што продолжува да ја поддржува научно – истражувачката и творечка дејност на научно – истражувачкиот и наставен кадар од високообразовните и научни установи во Република Македонија. Објавени се следниве конкурси:

Конкурс за доделување еднократни финансиски средства наменети за творечки дејности реализирани во 2013 година

Превземи конкурс:

http://www.mon.gov.mk/index.php/konkursimon/1835-konkurs-tvorechki-dejnosti

Краен рок за аплицирање: 31.10.2014 г.

Конкурс за доделување еднократни финансиски средства за објавен научно – истражувачки труд за 2014 година

Превземи конкурс:

http://www.mon.gov.mk/index.php/konkursimon/1836-konkurs-nauchno-istrazuvachki-trud-2014

Краен рок за аплицирање: 31.07.2015 г.

18.08.2014  

КОНКУРС за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување

Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија објави Конкурс за доделување годишна награда за 2014 година за истражувачки труд од областа на управувањето со ризици и осигурување во РМакедонија. Целта на Конкурсот е стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во нашата земја, како и афирмација на млади и стручни кадри.

Краен рок за доставување на трудовите: 30.09.2014 г.

Конкурс

11.08.2014  

Уписи - академска 2014/15

Уписите во новата  академска 2014/2015 година почнуваат  на 13 август 2014 година. Првиот уписен рок ќе се одвива и на 14 и 15 август, при што, заинтересираните кандидати потребните документи за упис ќе ги доставуваат на соодветните високообразовни инсититуции. Пријавувањето за новиот Факултет за информатички и комуникациски технологии ќе се одвива во просториите  на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи – Битола и на дисперзираните студии во Прилеп и Велес.

Според Конкурсот, во академската 2014/2015 година на прв циклус студии на Универзитет „Климент Охридски” - Битола има вкупно 3.665 слободни места. Годинава има 2.155 слободни места во државната квота, 970 во квотата за кофинансирање и 540 слободни места за вонредни студенти.

Во новата академска 2014/2015 година на УКЛО продолжува Проектот на Владата на Република Македонија 30/35, за стекнување на високо образование за возрасни и оваа дополнителна можност ќе се остварува со 70 места, на две единици: Техничкиот факултет и Високата медицинска школа.

Вториот уписен рок ќе се одржи на 1 и 2 сепетмври, а третиот на 15 септември 2014 година.

11.08.2014  

Договор за соработка меѓу УКЛО и КШМК

На 11 август 2014 година, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола  и групацијата Кромберг и Шуберт – Македонија, потпишаа договор за соработка.

Взаемниот интерес од долгорочна наставно – научна и техничка соработка ќе се остварува низ повеќе сегменти како што се: обуки, тренинзи, поттикнување на истражувачки активности со перманентно збогатување на наставната програма за создавање квалификувани квалитетни кадри способни за успешен настап на пазарот на трудот. 

Договорот за соработка помеѓу Универзитетот  „Св. Климент Охридски“ – Битола и компанијата Кромберг и Шуберт -Македонија е во насока на зајакнување на врските помеѓу академската средина и надворешното окружување  за интензивирање на локалниот економски развој.

11.08.2014  

Утврдени конкурсите за втор и трет циклус студии

Ректорската управа на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ - Битола, на 178 седница, одржана на 11 август 2014 година, ги утврди Конкурсите за упис на втор циклус на студии (магистерски и специјалистички) и трет циклус (докторски) студии.

Идните магистранти имаат можност за избор од 1525 места од кои 200 се за специјалистички стручни студии. Дополнителна мотивација е што на секоја студиска програма, 5 проценти од најдобро рангираните запишани студенти ќе бидат ослободени од плаќање на кофинансирањето.

За докторските студии УКЛО нуди 112 места организирани на Техничкиот факултет, Педагошки факултет, Факултетот за биотехнички науки и Факултет за информатички и комуникациски техноголии, сите во Битола,  како и на  Факултетот за безбедност – Скопје, Економскиот факултет во Прилеп, Факултетот за туризам и угостителство во Охрид и  на Правениот факултет во Кичево.

Уписната кампања на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола за вториот и третиот циклуси на студирање стратува на 4 сепетмври 2014 година и ќе се реализира во три уписни рока.

30.07.2014  

Пријава за учество на Битфест 2014

Универзитетскиот литературен клуб Дениција ПФБТ - УКЛО ги поканува сите сегашни и поранешни студенти, академскиот и неакадемскиот кадар на Универзитетот „Св. Климент Охридски"-Битола како и сите реномирани поети/музичари да испратат пријава за учество со своја лирска песна или музички настап не подолг од 5 мин. на поетско-музичката вечер Збор во зборот што ќе се одржи во рамките на Битфест 2014 во Магазата на 23 август 2014 (сабота) во 21 ч. 
Пријавата за учество треба да ги содржи следниве податоци: име и презиме, место на живеење, занимање или опис на студентскиот статус, телефонски број за контакт, емаил адреса и лирската песна во Word.doc или Word.docx формат со фонт Times New Roman, македонска поддршка и 12 pt или опис на музичкиот настап. Учеството се пријавува на следнава емаил адреса: denicijapfbtuklo1@gmail.com најдоцна до 11 август 2014.

03.07.2014  

МАНУ и УКЛO ја продлабочуваат соработката

Ректорот на УКЛО проф. д-р Златко Жоглев и претседателот на МАНУ, академик Владо Камбовски потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка.

Во срдечна и топла атмосфера, документот е парафиран во присуство на неколку академици од МАНУ и комплетното раководство на УКЛО.

Според ректорот, проф. д-р Златко Жоглев, Меморандумот претставува институционално надградување на соработката со Академијата, со цел да се постигне успех како во процесот на образованието така и во процесот на научно - истражувачката работа.

За академик Владо Камбовски, Меморандумот е инструмент за координација во повеќе активности, усогласување на истражувачки програми и постигнување отвореност во вклучувањето на потребни кадри од МАНУ и УКЛО.

На настанот што се одржа во Ректоратот на УКЛО заклучено е дека со конкретизирање на соработката, двете установи дополнително ќе ги вложат  севкупните капацитети во градење општество на знаење, во насока на поголема инцијативност и иновативност,  сообразени со духот на новото време.

01.07.2014  

Ката тимот на УКЛО на средба со Ректорот

Ректорот, проф. д-р Златко Жоглев и генералниот секретар на УКЛО, м-р Офелија Христовска, остварија средба со екипата која на светскотото првенство во карате освои сребрен медал.

Ректорот истакна дека ова е нов голем успех за студентите на УКЛО и успех за македонското студентско карате како високо меѓународно достигнување на спортски план.

Женскиот ката тим на УКЛО во состав Пулексенија Јованоска, Марија Матракоска и Зорица Спиркоска, освои сребрен медал на студентската спортска манифестација во категоријата ката екипно жени, во конкуренција од 40-на држави. Тие ги одмеруваа силите на 9 Светско Универзитетско првенство во карате што се одржа во Бар, Црна Гора.

На средбата во Ректоратот е истакнато дека и во наредниот период УКЛО продолжува со активности за поддршка и унапредување на универзитетскиот спорт, со намера за поголем опфат на студентската популација во спортско - рекреативни активности  и со посебни мерки за стимулирање на студентите - спортисти.

25.06.2014  

Нов голем успех за УКЛО на 9 Светско Универзитетско првенство во карате

Женскиот ката тим на УКЛО во состав Пуликсенија Јованоска, Марија Матракоска и Зорица Спиркоска освои сребрен медал на студентската спортска манифестација во категоријата ката екипно жени.

Најдобрите студенти - каратисти претставници на своите држави,  ги одмеруваа силите од 16 до 22 јуни 2014 година во црногорскиот град Бар на 9 Светско Универзитетско првенство во карате.

По сребрениот медал на Европското Универзитетско првенство во Сараево во 2011 година и златниот медал на минатогодишното Европско Универзитетско првенство во Будимпешта, ова е уште еден значаен успех за екипата на УКЛО, остварен на натпреварување во светски рамки.

17.06.2014  

Екипата на УКЛО второнаградена на натпреварот за развој на HTML5 апликации

Апликацијата „Такси“, на авторите Бојан Војновски, Игор Завојчевски, Филип Митревски, Дарко Пајковски и Весна Ристевска од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, освои втора награда на натпреварот за избор на најдобрите три HTML5  апликации, организирана од  корпорацијата Intel, заедно со Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија.

Првата награда ја освои Миле Костоски со својата апликација „Пинг Понг“, додека третонаградена беше апликацијата на студентите Тони Наковски, Бобан Аврамоски, Катерина Трифуноска, Жанко Митрески и Мирјана Арѓир, „Планер за цели“.

Министерот за информатичко општество и администрација, М-р Иво Ивановски, ги додели наградите и сертификатите за постигнатиот успех на наградените апликации, заедно со Саша Огненовски, претседател на ИКТ комората при Сојузот на стопански комори и Валентина Дојчиновска, претставник на МАСИТ.

16.06.2014  

Договор за соработка со универзитетот во Тирана

Ректорот на УКЛО, проф. д-р Златко Жоглев   со неговиот колега од Тирана, проф. д-р Дори Kуле на 13.06.2014 година потпишаа договор за взаемна соработка, при што се утврдени принципите на идната соработка во повеќе академски области.

На средбата што се оствари во Ректоратот на УКЛО присуствуваше  и деканот од Економскиот факултет во Тирана проф. д-р Суло Хадери.

16.06.2014  

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола и ЕВН Македонија

Поеќегодишната успешна соработка помеѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола и ЕВН Македонија беше заокружена со потпишување на меморандум за соработка со кој се отвораат можности за продлабочување и проширување на научната, апликативната и техничката соработка. Согласно активностите, ќе се реализираат заеднички научно - стручни истражувања, ќе се разменуваат знаења, искуства и вештини преку одржување на континуирани средби, работилници, семинари, како и учество на заеднички проекти за промоција на сите активности.

Меморандумот за соработка го потпишаа д-р Игор Гиевски член на управниот одбор на ЕВН Македонија и Проф.д-р Сашо Атанасовски проректор за настава  на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола.

Во таа насока, ЕВН Македонија ќе продолжи да ги подржува студентите кои се запишани на смерот за електро енегетски системи,  кои покрај можноста да посетуваат практична работа и да следат предавања на стручни лица од компанијата, студентите ќе имаат можност да станат и стипендисти на ЕВН Македонија.

Александар Кочалевски студент во прва година на електро отсекот при Техничкиот факултет-Битола е третиот стипендист кој покрај паричните средства, ќе посетува и практикантска работа следена од ментори и ќе добие поддршка од ЕВН во својот професионален развој. Според неговото мислење тој се одлучил да аплицира на отворениот повик за стипендија од ЕВН  не само заради материјалната поддршка  туку и професионалноста која се учи во дистрибутивната компанија како практичен дел од образованието кој ќе му овозможи вистински напредок во градењето на својата кариера.

13.06.2014  

Книгата „Македонија и Македонците – историја“ претставена на УКЛО

На 12.06.2014 година, во Ректоратот на Универзитетот, ректорот, проф. д-р Златко Жоглев оствари средба со авторот на книгатаМакедонија и Mакедонците - историја“ , Ендрју Росос, професор по историја на Универзитетот во Торонто.

Книгата се занимава со историјата на Македонија од Антиката до најново време, посебно насловите за историјата на македонскиот народ и опфаќа делови како периодот пред Првата Светска војна, меѓу двете светски војни и особено стручниот труд  „Туѓинци во својата земја"  и многу други.

На средбата е оценето дека станува збор за наслови кои што се интересни како историски податоци и особено значајни за судбината на македонскиот народ, што на книгата и дават строго научен карактер.

11.06.2014  

Објавен конкурсот за прв циклус студии во академската 2014/15 година

Преземи конкурс тука.

10.06.2014  

ВАЖНО!!! КОНКУРС ЗА ЕРАЗМУС +

Преземи конкурс тука.

10.06.2014  

ПОВИК НА СЕП ЗА ВОЛОНТЕРИ

Во рамките на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Секретаријатот за европски прашања и УКЛО се отвора јавен повик за волонтери. Студентот од УКЛО што ќе биде избран, ќе волонтира во периодот од 16 јуни до 15 септември 2014. 

Деталите во врска со повикот може да се најдат на следниот линк: http://www.sep.gov.mk/content/?ID=416#.U5WYyfmSxAg и секој студент што ќе биде предложен треба да аплицира според процедурата објаснета во огласот.

<< претходно
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | следно >>

xxxx