Единици

EMail сервис


 
 
 
 
 
 

ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ И КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ – БИТОЛА

Web: www.fikt.uklo.edu.mk


Оваа единица на Универзитетот е најнова во неговиот состав и е формирана во 2014 година, врз основа на Закон за основање Факултет за информатички и комуникациски технологии во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (Сл. весник бр. 187/30.12.2013). Факултетот за информатички и комуникациски технологии во себе ги инкорпорира студиските програми од научните полиња на информатика и компјутерска техника и информатика на Техничкиот факултет и на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи, којшто со основањето на Факултетот за информатички и комуникациски технологии престана да функционира. Со отворањето на оваа високообразовна единица во составот на УКЛО се етаблира факултет комплетно фокусиран на едукација на информатички кадар и тоа преку следните студиски програми: - Компјутерски науки и инженерство, - Менаџмент на информациски системи, - Информациски системи во здравството, - Инженерство и менаџмент на софтверски апликации, - Информатика и компјутерска техника. Контакт: Факултет за информатички и комуникациски технологии Партизанска б.б. Битола email:fikt@uklo.edu.mk


xxxx