Единици

EMail сервис


 
 
 
 
 
 

Проектна соработка

Процедура за поддршка за проектна соработка

_________________________________________________________

TEMPUS – Trans European Mobility Programme for University Studies

http://ec.europa.eu/education/programmes/tempus/

 

Посебно значење за Универзитетот и институциите во негов состав, секако има  проектната соработка којашто произлегува од ФАРЕ-ТЕМПУС програмата.
Темпус е првата програма како дел од  CARDS програмата иницирана од Советот на ЕУ за  поддршка на реформите во  високото образование во земјите на Средна и Источна Европа  и  приближување кон западноевропските  високообразовни системи.

Од отворањето на ФАРЕ -ТЕМПУС програмата за Република Македонија во 1996 година, Европската комисија поддржува интензивна соработка  помеѓу институциите  од високото образование од нашата земја, земјите-членки на Европската Унија, Централна и Источна Европа и Југо-Источна Европа. Во доменот на ТЕМПУС програмата, институционалната соработка се одвива/ше  преку:

  • Заеднички европски проекти (Реформа на студиски програми; Реформа на универзитетски менаџмент; Високото образование и општеството)
  • проекти за компакт и
  • проекти за  структурни  мерки
  • проекти за индивидуална мобилност

Вклученоста на универзитетските установи во ТЕМПУС програмата  отвори широки можности за комуникација со повеќе развиени универзитети од Европа, а сега најактуелната регионална или мрежна соработка дава дополнителен импулс за ангажирање на академските кадри и за поврзување на институциите од регионот, со цел да се доближат образовните наставно-научни програми, а со тоа да се создадат и услови за нивна компатибилност со оние од развиените европски високообразовни системи.

На Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола се реализираа или се во тек на реализација  повеќе ТЕМПУС проекти.

 _________________________________________________________
 

Програма за доживотно учење  2007– 2013

http://ec.europa.eu/education/programmes/llp/structure/erasmus

 

Програмата за доживотно учење  (LLP – Lifelong Learning Programme) е програма на  Европската Унија за мобилност и меѓуинституционална соработка во сите нивоа на образование.

Програмата за доживотно учење  се состои од 4 секторски програми:

Comenius– за предучилишно, основно и средно образование

Erasmus – за високо образование

Leonardo da Vinci – за стручно образование

Grundtvig – за образование на возрасни

Трансверзалната програма се состои од 4 клучни активности што се однесуваат на развојот на стратегијата, учењето на јазиците, информациската и комуникациската технологија, дисеминацијата на резултатите
Програмата Jean Monnet  е наменета за институциите што се занимаваат со образование и истражување во областа на европските интеграции.  
 
ЕРАЗМУС ПРОГРАМА ЗА МОБИЛНОСТ  НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА  ЗА АКАДЕМСКАТА 2010/2011 
 
 _________________________________________________________
 
ERASMUS MUNDUS ACTION 2/BASILEUS

Програмата Erasmus Mundus е една од првите програми на Европската комисија заедно со Темпус и LLLP програмата со којашто се финансира мобилност на студентите и професорите заради образование и усовршување и се промовира  Европската Унија како центар на извонредност во светот. Во рамките на Еразмус Мундус програмата се финансираат заеднички мастер студии  (European Union Master Courses) коишто се реализираат на европските универзитети, се финансираат партнерства,конзорциуми, на студентите и професорите  од третите земји им се достапни стипендии за студирање, наставна и истражувачка работа.
Во програмата Erasmus Mundus External Cooperation Window ,сега позната како  Action 2 , УКЛО е учесник во конзорциумот на проектот со акроним BASILEUS
www.basileus.UGent.be

 _________________________________________________________
 

ERASMUS MUNDUS ACTION 2/EM2-STEM

 

Во конзорциумот на проектот со работен акроним EM2-STEM, од европските партнери учествуваат следниве универзитети:

City University, Лондон, Велика Британија; Lapeenranta University of Technology, Финска; Freie UniversityBerlin,Германија; University oif Limerick, Ирска; University of Warsaw, Полска; Wroclaw University of Technology, Полска; Technical University of Cluj-Napoca, Романија;

Од Западен Балкан учествуваат:

Политехничкиот универзитет од Тирана,Албанија; Универзитет во Сарјево, БиХ; Универзитет во Тузла, БиХ; Универзитет во Сплит, Хрватска; Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, Македонија; Универзитет за бизнис и технологија, Косово; Универзитет во Нови Сад, Република Србија; Универзитет во Ниш, Република Србија;

За УКЛО, овој втор проект од Еразмус Мундус програмата , претставува извонредна можност за реализирање нов сет од мобилности наменети првенствено за студентите, но и за кадрите, коишто ќе бидат комбинирани со развивање на он-лајн интензивни модули за претприемништво во областа на инженерските и природните науки на дипломско ниво. Исто така, ќе се развиваат и серии од модули за професионалните  вештини на младите истражувачи-трансфер на знаење,проект-менаџмент, етика итн.

Сите мобилности, по објавувањето на повикот за пријавување што дополнително ќе следи, ќе треба да отпочнат најдоцна до 31 декември 2011 година.

http://eacea.ec.europa.eu/erasmus_mundus/funding/2010/call_eacea_22_10_en.php
 
_________________________________________________________

CEEPUS /Централно-европска програма за размена во универзитетските студии

 

Ова е програма за размена на студенти (на додипломски и постдипломски студии) и за поддршка на мобилноста на наставниот кадар со цел да се промовира соработката односно создавањето на мрежи на  универзитети.
CEEPUS договорот е склучен во Будимпешта во 1993 година, а седиштето на централната  CEEPUS канцеларија е во Виена од каде се координира работата на националните  CEEPUS канцеларии задолжени за спроведување на програмата на национално ниво.

Цели на   CEEPUS II програмата
· Придонес кон јакнењето на Европа и Европскиот високообразовен простор (EHEA)
·Користење на регионалната академска мобилност како стратешка алатка за имплементација на Болоњскиот процес
·Овозможување соработка во Југоисточна Европа

Договорните страни ја развиваат и поддржуваат Централно-европската универзитетска мрежа којашто ја сочинуваат бројни индивидуални мрежи. Целта на мрежата е да се промовира академската мобилност , посебно мобилност на студентите  во централна Европа, како и поттикнување на соработката и развивањето на заеднички програми  (joint programmes), врз основа на кои се доделуваат двојни или заеднички дипломи..
Во рамките на CEEPUS II се реализираат повеќе видови активности: воспоставување и функционирање на  мрежи, интензивни курсеви и студентски екскурзии
Во програмата учествуваат: Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Македонија, Полска, Румунија, Србија, Црна Гора, Словачка, Словенија .
Министерството за образование е надлежно за спроведување на  CEEPUS програмата во  Македонија.
 
 _________________________________________________________
 
Од пролетта 2010 година на студентите на УКЛО им е достапна единствената база на податоци за стипендии и грантови наменети за Западен Балкан Scholarships for Western Balkans  и тоа на веб страницата  www.s4wb.eu развиена од страна на СПАРК, а финансирана од Белгиската Фондација на кралот Бодуен (KBF).
S4WB нуди едноставен пристап до деталните информации за широк спектар на стипендии за бачелор, мастер и докторски студии и тоа во 17 области на студирање во триесет и три европски држави.

http://s4wb.eu/
 
 
 


xxxx