Единици

EMail сервис


 
 
 
 
 
 

Докторски студии

Докторските студии траат три години и носат 180 ЕКТС кредити. Услов за запишување на докторски студии  се претходно завршени магистерски студии, односно втор циклус од универзитетските студии. По одбраната на докторскиот труд кандидатот се стекнува со научен назив доктор на науки или доктор по уметности.   

Доколку студиите во третиот циклус траат помалку од три години тогаш звањето со кое се стекнува студентот на споменатите студии е специјалист по одредена област и се додава на академскиот назив што претходно го стекнал од завршениот втор степен на универзитетски студии.

УКЛО се стреми кон постојано усовршување и прилагодување на организацијата и содржината на докторските студии во согласност со најновите трендови на високото образование во Европа и светот. Во прилог на оваа тенденција се и неколкуте тековни меѓународни проекти чијашто цел е воспоставување и имплементација на современа рамка за студирање особено за третиот циклус на студии. 

 



xxxx