Единици

EMail сервис


 
 
 
 
 
 

Придружни членки

ЈНУ ХИДРОБИОЛОШКИ ЗАВОД - ОХРИД

 Хидробиолошкиот завод спаѓа во редот на најстарите научни установи, формиран  уште во далечната 1935 година како единствена научна институција од ваков вид на поширокиот Балкански простор. Со основањето на Универзитетот во Битола во 1979 година станува потписник на Спогодбата за здружување во Универзитетот.
Организационата структура на оваа јавна научна установа опфаќа лаборатории, заеднички служби и библиотека. Основната дејност , биолошките дисциплини , се одвиваат во неколкуте лаборатории:
  за микробиологија, за фитопланктон, за зоопланктон, за циприниди, за  фауна на дно, лабораторија за практично рибарство со мрестилиште, за хидроботаника, за хемизам на вода, за паразитологија, за молекуларна биологија.

Контакт:
Ул.”Наум Охридски” бр. 50
Охрид
Тел:    + 389 (0) 46 231 050
Факс: + 389 (0) 46 262 910
Web page : http://www.hio.edu.mk/

 

ЈНУ ИНСТИТУТ ЗА СТАРОСЛОВЕНСКА КУЛТУРА - ПРИЛЕП

Институтот за старословенска култура од Прилеп, основан во 1979 година, претставува единствена научна установа од ваков вид во земјата.
Во почетокот , научно-истражувачката работа е организирана во повеќе одделенија: за етнологија, за антропологија и за средновековна и понова историја на Република Македонија.
Организационата структура  опфаќа:

  • Сектор за научноистражувачка работа којшто во својот состав ги има следниве одделенија:
  • Одделение за археологија,
  • Одделение за историја на уметноста,
  • Одделение за историја,
  • Одделение за помошни историски науки (дипломатика, палеографија), како и:
  • Сектор за документација и информатика и
  • Сектор за општи, правни, административно-технички и сметководствено-финансиски работи.

Контакт: 
Ул.”Кичевско Џаде” б.б.
Прилеп
Тел:    + 389 (0) 48 412 715
Факс: + 389 (0) 48 412 858
Web page : http://www.isk.edu.mk/

НУУБ “ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ” - БИТОЛА

 

Националната установа универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” со своето 65 годишно постоење многу придонесе за културното живеење не само во градот Битола каде што е лоцирана, туку и на поширок план,во државата, особено со вградувањето на универзитетската компонента во нејзиното делување, со чинот на добивање статус на членка на Универзитетот само една година по основањето на Универзитетот, односно во 1980 година. Значајни статусни промени во функционирањето на оваа установа претставува нејзиното утврдување, со одлука на Владата на Република Македонија, како национална установа од облста на културата, во 2003 година.

Организационата структура подразбира 8 организациони единици-оддели:

  1. Комплетирање на библиотечниот материјал,
  2. Библиотечно - библиографски  информации
  3. Обработка на монографски и периодични публикации,
  4. Унапредување на библиотекарството,
  5. Посебни книжни фондови,
  6. Позајмување и услуга,
  7. Заштита и репрографија
  8. Општи служби

Контакт:
НУУБ ,, Св. Климент Охридски,, - Битола
Ленинова 39
Битола
Тел: +389 (0)47 220 208
Факс: + 389 (0)47 220 515
Web page: http://www.nuub.mk

  СТУДЕНТСКИ ДОМ “КОЧО РАЦИН” - БИТОЛА

 

Во составот на Универзитетот постои само една установа од овој вид, а тоа е Студентскиот дом “Кочо Рацин” во Битола. Оваа државна установа со својата основна дејност овозможува обезбедување услови за сместување и исхрана на студентите кои студираат на високообразовните установи во Битола и во извесна мера, иако недоволно, заради ограничените капацитети, прифаќа за сместување и организирана исхрана дел од овие студенти.

 Дејноста се реализира преку сместувачки капацитет од 360 легла, распоредени во 113 соби и постојана можност за подготовка на 2000 оброци дневно, со што може да им се излезе во пресрет и на студенти кои се приватно сместени . За задоволување на другите потреби на студентите сместени во Домот, опремени се посебни простории за читални и занимални , а просторната лоцираност овозможува практикување на спортско-рекреативни активности за што постојат специјално наменети терени за мал фудбал, кошарка, одбојка и слично.

Контакт:
Ул. “Студентска' бр.2
Битола
Тел.: + 389 (0) 47 255 132
Факс: + 389 (0) 47 255 134
Web page:  www.sdkocoracinbitola.org.mk



xxxx