Единици

EMail сервис


 
 
 
 
 
 

Единици

ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТПРИЛЕП

Во 1977 година, постојната Висока економска школа-Прилеп(1960) се трансформира во  Економски факултет, којшто  беше еден од потписниците на актот за основање на УКЛО во 1979 година.

На Економскиот факултет се реализира наставнообразовен процес на повеќе акредитирани програми.

- студиска програма за бизнис економија
- студиска програма за меѓународна економија и бизнис
- студиска програма за маркетинг-менаџмент
- студиска програма за деловна статистика и информатика
- студиска програма за сметководство, финансии и ревизија
- студиска програма за финансиски менаџмент

Контакти:
Економски факултет
Марксова б.б.
Прилеп
Тел:     + 389 (0)48 427 020
Факс:   + 389 (0)48 426 927
Web page: www.eccfp.uklo.edu.mk 

 

ФАКУЛТЕТ ЗА БИОТЕХНИЧКИ НАУКИ - БИТОЛА

Оваа високообразовна установа е во состав на Универзитетот од неговото основање, но со статус Виша земјоделска школа.  Таа е една од најстарите високообразовни установи во Југозападниот  регион на Република Македонија, формирана  во 1960 година, на која се профилираа кадри од земјоделско-сточарска област. 
Во 1999 година како резултат на еден Заеднички европски проект, постојната Виша школа прераснува во Факултет за биотехнички науки  каде што до денес се остварува образование на повеќе студиски програми:
- студиска програма за фармерско производство/тригодишни студии
- студиска програма за преработка на анимални производи
- студиска програма за менаџмент во биотехниката

Контакти:
Факултет за биотехнички науки
Партизанска  б.б.
Битола
Тел:     + 389 (0)47 238 276
Факс:   + 389 (0)47 226 220
Web page: www.fbn.uklo.edu.mk

 

ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ – БИТОЛА
со дисперзирани студии во Велес и Прилеп

Техничкиот факултет основан е во 1977 година со трансформацијата на дотогашната Висока техничка школа (1961). Влегува во состав на УКЛО од неговото основање во 1979 година.
Техничкиот факултет реализира наставнообразовен процес во повеќе образовнонаучни области и студиски програми .

 Машински отсек
- студиска програма за општо машинство
- студиска програма за индустриски менаџмент
- студиска програма за стручни  студии-енергетска насока

Отсек за сообраќај и транспорт
- студиска програма за патен сообраќај и транспорт
- студиска програма за стручни студии-патен   транспорт

Графички отсек
- студиска програма за графичко инженерство

Електротехнички отсек
- студиска програма за индустр. електроенергетика
- студиска програма за стручни
тригодишни студии-електротехника, електроенергетика и електроника

Отсек за информатика и компјутерска техник
/тригодишни    студии

Отсек за информатика и компјутерска техника
/тригодишни    студии во Велес

Контакти:
Технички факултет
Иво Лола Рибар б.б.
7000 – Битола
Тел:     + 389 (0)47 207 701
           + 389 (0)47 207 741
           + 389 (0)47 207 740
Факс:   + 389 (0)47 203 370
Web page: www.tfb.uklo.edu.mk

 

ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ - БИТОЛА

Педагошкиот факултет во Битола е високообразовна установа формирана  во 1977 година низ процесот на трансформација на постојната Педагошка академија, чија дејност се остваруваше од 1964 година.
Денес Педагошкиот факултет има широка понуда на студиски програми и тоа:
- студиска програма за учители
- студиска програма  за воспитувачи
- студиска програма за македонски англиски јазик
- студиска програма за македонски француски јазик
- студиска програма за македонски германски јазик
- студиска програма за информатика и техничко образование (заедничка студиска програма со Техничкиот факултет-Битола)

Контакти:
Педагошки факултет
Васко Карангелевски б.б.
Битола
Тел:      + 389 (0)47 253 652
            + 389 (0)47 253 694
Факс:    + 389 (0)47 203 385
Web page: www.pftb.edu.mk

 

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО -ОХРИД
со дисперзирани студии во Велес

Факултетот за туризам и угостителство е високообразовна установа единствена од овој вид во дражавата, основана во 1977 година. Овој факултет ја продолжува  образовната традиција од претходно постоечката Виша туристичка школа во Охрид , а со новите трендови во високото образование во 70-те години од минатиот  век се трансформира во респектабилна високообразовна единица што е во состав на Универзитетот од неговото основање.
На Факултетот за туризам и угостителство се оставарува едукација во повеќе наставно - научни области преку акредитираните студиски програми:
- студиска програма за туризам
- студиска програма за осигурување
- студиска програма за царина и шпедиција
- студиска програма за гастрономија/тригодишни студии
- студиска програма за хотелски и ресторантски менаџмент
- студиска програма за безбедност и финансиска контрола
(заедничка студиска програма со Факултетот за безбедност-Скопје)

Контакти:
Факултет за туризам и угостителство
Кеј Маршал Тито бр.95
Охрид
Тел:     + 389 (0)46 262 147
            + 389 (0)46 264 215
Факс:   + 389 (0)46 262 281
Web page: www.ftu.uklo.edu.mk

 

ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - СКОПЈЕ

Факултетот за безбедност во Скопје е формиран  во 2003 година и се до 2008-та функционирал како Полициска академија. Неговата специфика е едукацијата на студентите  во областа на безбедноста.
Високообразовната понуда  се реализира преку:
- студиска програма за профилот криминалст
- студиска програма за безбедност и финансиска контрола (заедничка студиска програма со Факултетот за туризам и угостителство-Охрид) 

Контакти:
Факултет за безбедност
Идризово б.б.
Скопје
Тел:     + 389 (0)2 2546 200
Факс:   + 389 (0)2 2546 211
Web page: http://www.fb.uklo.edu.mk/

 

ФАКУЛТЕТ ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА И МЕНАЏМЕНТ НА ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМИ - БИТОЛА

Во академската 1992/93  година на УКЛО отпочнаа да функционираат Универзитетски интердисциплинарни студии за јавна администрација. Во согласност со согледаните потреби за едукација на вакви профили, во 2007 година постојните интердисциплинарни студии се трансформираат во Факултет за администрација и менаџмент на информациски системи.
На ФАМИС се  реализираат следниве  студиски програми :
- студиска програма за јавна администрација
- студиска програма за менаџмент со информациски системи

Контакти:
Факултет за администрација и менаџмент на информациски системи
Партизанска б.б.
Битола
Тел:     + 389 (0)47 259 921
Факс:   + 389 (0)47 259 918
Web page: www.famis.edu.mk

 

ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ-КИЧЕВО
со дисперзирани студии во Битола

Оваа високообразовна единица влегува во составот на УКЛО од академската 2008/2009 година кога се запишува и првата генерација студенти коишто своето студирање го реализират во Кичево, каде е седиштето на Факултетот или во Битола на дисперзираните студии. Кандидатите заинтересирани да студираат на овај факуклтет можат да го направат тоа на насоката за правни студии.

Контакти:
Правен Факултет
Александар Македонски 72
Кичево
Тел:     + 389 (0)45 220 267
Факс:   + 389 (0)45 220 267
Web page: http://www.pfk.uklo.edu.mk/

 

ТЕХНОЛОШКO-ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ ВО ВЕЛЕС
со дисперзирани студии во Кичево

Оваа високообразовна установа исто така започна да функционира со почетокот на акдемската 2008/2009 година. Седиштето на Факултетот е во Велес. Наставно-образовниот процес се реализира во две студисли програми:

- процесно инженерство и прехранбена технологија

- прехранбена технологија и биотехнологија

Контакти:
Технолошко-технички Факултет
Петре Прличко 42 
Велес
Тел:     + 389 (0)43 211 202
Факс:   + 389 (0)43 211 204
Web page: http://www.ttfv.uklo.edu.mk/

 

ВИСОКА МЕДИЦИНСКА ШКОЛА - БИТОЛА

Во 1988 година новоформираната Виша медицинска школа во Битола стана членка на УКЛО. Како единствена високообразовна установа за виши медицински сестри, со донесувањето на Законот за високо образование (2000), прераснува во Висока медицинска школа. На Високата медицинска школа денес се реализираат следниве студиски програми:
- студиска програма за профилот општа медицинска сестра /тригодишни студии
- студиска програма за профилот медицинско- лабораториски аналитичар/тригодишни студии
- студиска програма за профилот акушерка/тригодишни студии
- студиска програма за физиотерапевти
- студиска програма за радиолошки техничари

Контакти:
Висока медицинска школа
Клиничка болница
Партизанска б.б..
Битола
Тел:     + 389 (0)47 253 268
Факс:   + 389 (0)47 258 311
Web page: www.vmsb.uklo.edu.mk

 

ВЕТЕРИНАРЕН ФАКУЛТЕТ - БИТОЛА

Ветернираниот факултет во Битола е најновата едниница на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола која започна со работа академската 2009/2010. Профилот на дипломираните студенти по завршувањето на студиите е доктор по ветеринарна медицина.

Контакти:
Ветеринарен Факултет - Битола
Прилепска б.б 
Битола
Тел:     + 389 (0)47 228 899
Факс:   

 

НАУЧЕН ИНСТИТУТ ЗА ТУТУН -ПРИЛЕП

Најстарата научна установа  на Универзитетот и единствената од овој вид во Република Македонија, Институтот за тутун во Прилеп, е основана уште во 1924 година и тоа како прва организирана научно-истражувачка единица во земјата. Со основањето на Универзитетот, Институтот станува негова членка од редот на научно-истражувачките установи.
Научно-истражувачка дејност  се остварува преку следниве одделенија:
Одделение за генетика, селекција и семеконтрола;
Одделение за агротехника на тутунот;
Одделение за заштита на тутунот од болести,штетници и плевели;
Одделение за технологија, ферментација и фабрикација;
Одделение за хемија на тутунот, тутунскиот чад, резидуи од пестициди и биохемија и
Одделение за економско планирање и програмирање

Во рамките на оваа научна установа се организираат и постдиплмски студии во следниве области

Контакт
Ул. “Кичевска” б.б.
Прилеп
Тел:    + 389 (0) 48 412 760
Факс: + 389 (0) 48 412 763
Web page : www.tip.edu.mk



xxxx