Единици

EMail сервис


 
 
 
 
 
 

Универзитетски инсигнии

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола има свој грб, знаме, ректорски инсигнии, ректорска тога и свечена одора за лицата на кои им се доделува звање почесен професор или почесен доктор.

Грбот на Универзитетот симболира прогрес, наука, историја и писменост и се употребува на знамето, дипломите, плакетите, признанијата на меморандумите и изданијата на Универзитетот. Грбот е дело на академскиот сликар Симеон Силјановски, поранешен декан на Педагошкиот факултет - Битола.

Знамето има правоаголна форма, со златно-жолта боја и го содржи амблемот на Универзитетот.

Ректорот ги носи инсигниите (позлатен ѓердан со симболи за дејноста на Универзитетот и амблемот во средината) на званичните церемонии со кои претседава, како и на сите церемонии на кои го претставува Универзитетот.

Проректорите, исто така, имаат свои одори, како и деканите, директорите на факултетите и институциите во состав на Универзитетот.

Патрониот празник на Универзитетот е на 8 Декември, Ден на Св. Климент Охридски.





xxxx