Единици

EMail сервис


 
 
 
 
 
 

Историјат

Во минатото започнува иднината.......

 

Зачуваните вредности од богатата културна историја и нивното опстојување како вечно наследство, се вредности израснати од македонскиот непокор низ бурните збиднувања во изминатите столетија. Тие остануваат постојан предизвик за сегашноста и иднината како стремеж на нашиот народ за сопствена афирмација и натпревар со сите културни народи чиј предзнак е негување и развој на цивилизираниот хуманизам.

Основањето на Вториот македонски универзитет и неговиот тридецениски развој претставува значајна алка во синџирот достигања во образовната, научната и културната архитектура на современото македонско општество.

Чинот на формалното конституирање на Универзитетот "Св.Климент Охридски"-Битола - на 25 април, 1979 година, секако  е резултат на еден подолг процес при што историската традиција значи појдовна основа врз која се надоградуваат образованието и наукатa.

Имено, свесни за богатото историско минато во кое е вткаено  и универзалното значење на Св.Климент и  неговата просветителска мисија која ги надмина нашиве простори, се покрена иницијатива , Вториот македонски универзитет да го добие неговото име.

Реализацијата на овој општоприфатен предлог доби завршница на 8 декември 1994 година -денот на Св.Климент  стана патронен празник на  Универзитетот во Битола.

Тридецениската мисија и остварувањето на поставените цели и задачи на втората Alma Mater во Република Македонија секако е резултат како на историските така и на амбиенталните предуслови за неговото основање.

Развојната димензија на трите поголеми градови во југозападниот регион, Битола, Прилеп и Охрид, нивната вкоренета културно-историска традиција, изразена во материјализираната и духовната оставштина на бројни неимари, зографи, копаничари, преродбеници, како и  природните богатства, стопанските комплекси, културно-образовната мрежа на институции и потврдениот интелектуален потенцијал, ги охрабрија релевантните фактори да донесат одлука за основање на Универзитет со седиште во Битола.

Регионалниот карактер на Универзитетот  претставуваше нов квалитет во напорите за унапредување на високото образование, остварувајќи ја општествената улога на интегрирачки фактор на регионалните интереси.

Основачкото собрание се одржа на 25 април 1979 година. Создаден во периодот на самоуправниот социјализам, Самоуправна спогодба за здружување во Унивезитет во Битола потпишаа шест високообразовни и две научни институции и тоа:

Високообразовните и научните установи здружени во Универзитетот во Битола ја продолжија веќе започната дејност, поставувајќи ја истовремено својата идна развојна визија. Со текот на времето и согласно интересот за сопствен развој, во Универзитетот се вклучија:Институтот за старословенска култура - Прилеп (1985), Матичната и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски" - Битола (1980), Студентскиот дом "Кочо Рацин" - Битола (1981) и Вишата медицинска школа - Битола (1988). Подоцна и други високообразовни установи коишто своевремено имаа свој развој се приклучија кон Универзитетот, а  секако и некои новоосновани установи.

 Денес, развојниот концепт на Универзитетот јасно и недвосмислено го потврдува неговото значење на автономна, високообразовна и научно-истражувачка институција, определена да го ориентира својот натамошен развој кон заедничкиот европски простор на високото образование и научно-истражувачката дејност.



xxxx