Единици

EMail сервис


 
 
 
 
 
 

за нас

Универзитетот “Св. Климент Охридски” - Битола, познат со акронимот УКЛО, е вториот државен Универзитет во Република Македонија, најзначајна установа од областа на високото образование во Регионот на Југозападна Македонија. Специфичната хетерогена, образовна понуда на Универзитетот којашто покрива најразлични научни дисциплини и едуцира профили компатибилни со барањата на актуелниот пазар на трудот е претставена со 63 студиски програми за I циклус студии (додипломски), 82 за II циклус студии (последипломски) (од кои 18 специјалистички) и 16 студиски програми за III циклус студии (докторски)  распределени на 12-те единици: десет факултети, една висока стручна школа и Научниот институт за тутун. Во составот на УКЛО со статус на придружни членки се и две научно - истражувачки единици единствени од ваков вид во државата, Универзитетска библиотека и Студентски дом. (УКЛО, единици ).

Нашиот Универзитет зазема специфична позиција во однос на останатите Универзитети во земјата. Седиштето на Универзитетот е во Битола (www.bitola.gov.mk ), а високообразовните и научно - истражувачките единици во неговиот состав и дисперзираните студии сместени се во повеќе центри : Битола, Прилеп, Охрид, Скопје, Велес, Кичево и Струга.

Она што е заедничко во ваквото плуралистичко опкружување е посветеноста во едукацијата на младите , дефинирана во мисијата и визијата на Универзитетот.

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, годишно, во просек, привлекува околу 3000 нови студенти, а вкупниот број на студенти, во последниов период непрекинато се движи околу 12000 студенти (УКЛО, Бројки и факти).

Триесетипет годишниот континуиран развој на УКЛО опишан на страниците за неговиот историјат претставува постојана потрага по сопствениот специфичен идентитет којшто, на почетокот на ова столетие, се афирмира низ синтагмата: ОТВОРЕН, ФЛЕКСИБИЛЕН, ИНТЕГРИРАН ВО ОПКРУЖУВАЊЕТО, АКТИВЕН ПАРТНЕР ВО ОПШТЕСТВЕНО ЕКОНОМСКИТЕ ПРОЦЕСИ, ПОДГОТВЕН ДА СЕ СООЧИ СО НОВИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО И НАУКАТА ВО ЕДНА МЕЃУНАРОДНА ПЕРСПЕКТИВА.

Токму заради фактот што регионално, на оваа високообразовна установа и припаѓа водечката улога во академскиот и научниот свет, за УКЛО, клучни зборови во водењето на универзитетската политика и стратегија се: современи, флексибилни студиски програми, транспарентна организациона структура (организациона шема, динамичен менаџмент на човечките ресурси, активна политика на интегрирање во опкружувањто на Универзитетот, креирање на силни релации Универзитет:стопанство, поддршка на нови иницијативи, акцент врз интернационализацијата (меѓународна соработка), спроведување на култура на квалитет во сите сфери од универзитетското делување (УКЛО, квалитет ).



xxxx