Единици

EMail сервис


 
 
 
 
 
 

ERASMUS LLLP

                                                                                                       

ERASMUS UNIVERSITY CHARTER

EUC Ref. No. 255200-IC-1-2009-1-MK-ERASMUS-EUC-1

 

ERASMUS POLICY STATEMENT (EPS)

 

ЕРАЗМУС ПРОГРАМА ЗА МОБИЛНОСТ  НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА  ЗА АКАДЕМСКАТА 2010/2011

 

Програмата ЕРАЗМУС (European Region Action Scheme for the Mobility of University Students), претставува програма за размена на студенти на Европската Унија воспоставена во 1987 година. Всушност, тоа е најзначајниот дел од Европската 
Програма за доживотно учење  2007–2013  година (Lifelong Learning Programme)  и е оперативна рамка за иницијативите на Европската комисија во доменот на високото образование.
Еразмус програмата заедно со други независни програми беше дел од Програмата СОКРАТЕС (SOCRATES) што Европската комисија ја воспостави во 1994 година, траеше до 31 декември 1999, а потоа беше  заменета со Сократес II во јануари 2000, за да на 1 јануари 2007 година настапи  Програмата за доживотно учење.

Со добивањето на Еразмус чартерот (ERASMUS UNIVERSITY CHARTER (EUC), No. 255200-IC-1-2009-1-MK-ERASMUS) и Еразмус кодот за УКЛО MK BITOLA о1, Универзитетот „Св. Климент Охридски” - Битола  го започнува процесот на реализирање мобилности наменети за студиски престои на студенти и стручни усовршувања и настава за академски кадри. Дестинации се универзитетите во државите членки на ЕУ: Австрија, Белгија, Бугарија, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Латвија, Летонија, Луксембург, Малта, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска и Велика Британија.

Основни услови и критериуми при пријавувањето на студентите се тие
да имаат македонско државјанство и во моментот на реализирање на мобилноста да се запишани најмалку на втора година студии

Студентите можат да престојуваат од 3 до 12 месеци
на странскиот универзитет, а академските кадри најмногу 1 седмица
Потребни документи за студентска мобилност:

 

Висина на стипендијата за академската 2013/2014 - преземи.

Студентите лично ги поднесуваат потребните документи за  мобилност до Еразмус координаторот на универзитетот каде што ќе се реализира престојот

Потребни документи за академска мобилност :

Просечната висина на финансиската поддршка за академските кадри  се пресметува врз основа на посебна табела .

Апликациите на  кандидатите се доставуваат до координаторите на факултетите кои понатаму ги процесираат до Канцеларијата за меѓународна соработка.

 

Сектор  за наставно-научна и меѓународна соработка

 

 

ПРИЛОЗИ:

Еразмус координатори на едниците на УКЛО

Прелиминарна пријава за студенти

Студентски чартер

Инфо за студенти

Инфо за академски кадар

УКЛО модел на Еразмус билатерален договор

Формулар за аплицирање на студенти

Формулар за аплицирање на академски кадар

Договор за признавање на периодот на мобилност на студенти

Договор за грант (студент - Универзитет)

Договор за грант (кадар - Универзитет)

Список активни ЕРАЗМУС договори

Месечни стипендии ЕРАЗМУС 2013/2014

ЕРАЗМУС месеци на мобилност за студенти

 



xxxx