Единици

EMail сервис


 
 
 
 
 
 

Mастер студии на Универзитетот Франклин во Охајо, САД

Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, проф. д-р Златко Жоглев потпиша Договор за заеднички мастер студии по бизнис администрација со проф. д-р Дејвид Декер, ректор на престижната високообразовна институција, Универзиетот Франклин од Коломбос, Охајо (www.franklin.edu). Според овој Договор, мастер програмата на Франклин Универзитетот ќе можат да ја следат заинтересирани кандидати од Република Македонија, со соодветно комплетирано претходно образование, од нареднава академска 2009/2010 година, на нашиот Универзитет, но со реномиран академски кадар од американскиот Универзитет. Договорот за заедничката програма е потпишан во декемеври 2008, на иницијатива на Министерот за информатичко општество, М-р Иво Ивановски, кој и самиот е постдипломец на Франклин Универзитетот. Инаку, потпишувањето на овој Договор означува втора меѓународна понуда на заедничка програма, по успешната соработка што Франклин Универзитетот ја има воспоставено со Банкарската Школа од Вроцлав, Полска.

 

Заедничката програма по бизнис менаџмент ќе им обезбеди на кандидатите единствена можност за учење, и во насока на теоретско знаење потребно за развивање бизнис вештини и во насока на изградување соодветни квалитети што се неопходни за професионалците на новото време. Програмата, низ целиот свој тек, ги акцентира клучните теми на бизнис дисциплините и успешно ги поврзува со потребите на современиот деловен свет. Програмата е така дизајнирана што ќе овозможи оспособување на студентите за лидерска функција, што значително ќе придонесе во нивната работа, во развојот на нивната организација и секако, на општеството. Оваа програма е исто така креирана за професионалци кои се заинтересирани за напредување во кариерата, преку задоволување на барањата со кои секојдневно се соочуваат на нивното работно место, како и преку зголемување на нивото на компетенции со што ќе можат да одговорат на растечките и комплексни деловни предизвици.

 

Комплетната понуда за мастерот вклучува 10 суштински курсеви, со вкупно траење од 40 часа: 

 

MBA 707 – Основи на бизнис администрација (MBA Foundations)

MBA 711 – Деловно окружување (Business Environment)

MBA 713 – Менаџмент на човечки ресурси (Human Resource Management)

MBA 721 – Маркетинг менаџмент (Marketing Management)

MBA 723 – Менаџерска економија (Managerial Economics)

MBA 727 – Меѓународен бизнис менаџмент (International Business Management)

MBA 731 – Оперативен и проектен менаџмент (Operations & Project Management)

MBA 733 – Финансиско-сметководствен менаџмент (Financial & Managerial Accounting)

MBA 737 – Корпоративни финансии (Corporate Finance)

MBA 741 – Стратегиски менаџмент (Strategic Management)

 

КОНКУРС за запишување на студенти превземи тука.

 

Формулар за пријавување превземи тука.



xxxx