Единици

EMail сервис


 
 
 
 
 
 

Програми стипендии грантови

Отворен е повикот за доделување швајцарски стипендии за странски студенти и млади истражувачи за академска 2015/2016 година

Швајцарската Влада, во соработка со Федералната Комисија за стипендии за странски студенти, доделува стипендии наменети за сите странски кандидати, заинтересирани за докторски и постдокторски студии, како и истражувачка работа во повеќе научни области. Стипендиите ќе им овозможат на студентите работен престој на еден од јавните универзитети и институти во Швајцарија во времетраење од 12 месеци до 3 години.

Краен рок за аплицирање: 15.11.2014 г.

Подетални информации (за кандидати од РМакедонија):

http://www.sbfi.admin.ch/themen/01366/01380/02175/02281/index.html?lang=en 

 

Интензивни летни курсеви за шпански јазик

SpainBcn-Programs во Барцелона, нудат интензивни летни курсеви за изучување на шпанскиот јазик, специјално дизајнирани за ЕРАЗМУС студенти коишто би престојувале на размена на некој од шпанските универзитети.

Студентите можат да ссе приклучат во наставата секоја седмица во понеделник, во согласност со нивото, по претходно извршено тестирање.

Цените за интензивните курсеви се:

20 часа во тек на една недела – 120 евра

40 часа во тек на две недели – 210 евра

60 часа во тек на три недели – 300 евра

80 часа во тек на четири недели – 400 евра.

Детали и дополнителни информации:

e-mail: Erasmus@spainbcn.com

web: ErasmusinBarcelona.com или spainbcn.com/Erasmus_Barcelona_english.html

 

 

Стипендии за Обновлива енергија во централна и источна Европа (Renewable Energy in Central & Eastern Europe)

Три стипендии за мастер Обновлива енергија во цетрална и источна Европа, како дел од прекуграничната програма за постдипломски студии, поддржани од Виенскиот технолошки универзитет и Enrgiepark Bruck/Leitha се достапни за кандидати од земјите на југо-источна и централна Европа коишто работат во невладини и непрофитни организации и имаат барем две години професионално искуство.

Aпликациите на заинтересираните кандидати и условите за пријавување се достапни на http://newenergy.tuwien.ac.at/admision/fees_financing/scholarships/.

 

Краен рок за аплицирање 31 мај 2014.

 

Предавања „Европски идентитет и иднина на Балканот“

19.05.2014 г.

Хотел Арка – Скопје

 Во организација на Француско – австрискиот центар, Центарот за политички истражувања, Амбасадата на Австрија, Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, ќе се се одржат три тркалезни маси на следните теми:

 -          Европа и помирувањето

-          Ќе помогне ли Европа во надминување на конфликтите?

-          Постои ли друг идентитет за Балканот освен европскиот?

 Подетални информации:

http://www.ifs.mk/mk/Home/CultureContent/898
 
Универзитет во Приштина – Меѓународен летен универзитет

07 – 18. 07.2014 г.

Приштина

Целта на настанот, чијшто организатор е Универзитетот во Приштина (http://www.uni-pr.edu/) е остварување на соработка помеѓу регионалните и меѓународни универзитети, како и зголемување на научно – истражувачките капацитети. Летниот универзитет на студентите – учесници ќе им понуди 19 курсеви од областа на општествените науки, правото, економијата, уметноста, образованието, медицината, инженерството, лингвистиката, агрономијата, археологијата и сл. Курсевите ќе се реализира од страна на професори и предавачи од регионот и пошироко, во временски период од две недели.

 

On – line апликација: http://unvp.uni-pr.edu/

Краен рок за аплицирање: 14.05.2014 г.

Во прилог на апликацијата потребно е да се достават сл.документи:

  1. Копија од индекс/Лична карта
  2. Уверение за положени испити

Контакт лице: mirjeta.ismajli@uni-pr.edu 

 

Летен универзитет во Варшава

Школата за економија и Студентската унија при оваа Школа организираат Летен универзитет во Варшава, во периодот од 30 јуни до 11 јули, 2014. Програмата целосно се реализира на англиски јазик и е отворена за меѓународни студенти.

Темата на Летниот универзитет во Варшава оваа година е “Innovative Europe as an opportunity for development of a contemporary company(Иновативна Европа како можност за развој на современа компанија).

Повеќе информации може да се добијат на официјалната страница на Летниот универзитет - www.sgh.waw.pl/SUW

 

Натпревар во пишување на тема:

„Што претставува проширената ЕУ за вас?“

 Организатор на овој натпревар е Генералниот директорат за проширување на Европската Комисија. Натпреварот е отворен за граѓаните на 28-те земји членки, како и за земјите кандидати или потенцијални кандидати од Југоисточна Европа (Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Турција). Учесниците треба да се на возраст од 15 до 25 години до крајниот рок за поднесување на пријавите, а пријавата може да се поднесе на било кој службен јазик на земјите од ЕУ или на било кој службен јазик на земјите-кандидати и потенцијални кандидати од Југоисточна Европа (подетални информации: http://europa.eu/about-eu/facts-figures/administration/index_en.htm). Натпреварот ќе се одвива во две категории: од 15 до 18 години и од 19 до 25 години.

Краен рок за пријавување: 11.05.2014 г. (електронска испорака или препорачана пошта).

Повеќе информации: http://ec.europa.eu/enlargement/news_corner/writing-competition/index_en.htm

 

“n+1” кратки програми во Франција

 Програмата е во времетраење од 3 недели и е наменета за студенти кои студираат во областа на инженерските науки. Реализацијата ќе започне на 11 јули 2014 или 18 јули 2014 година, а ќе се одвива во 2 основни модули:


xxxx