Единици

EMail сервис


 
 
 
 
 
 

Студентски правобранител

Заради заштита на правата на студентите на Универзитетот се формира студентски правобранител.

Студентскиот правобранител ги штити законските права на студентите и правата утврдени со актите на Универзитетот и единиците кога им се повредени од страна на Универзитетот и единиците во состав на Универзитетот, како и од лица вклучени во наставно-образовниот процес.

Студентскиот правобранител работите од својата надлежност ги врши врз основа и во рамките на Закон, овај Статут и Правилник за работа на студентскиот правобранител.

Студентскиот правобранител има повеќе заменици чиј број се утврдува со статутот на студентскиот парламент.

Студентскиот правобранител постапува по преставки од студент поединец, група на студенти и од студентскиот парламент на поодделните единици во состав на Универзитетот.

Во рамките на својата надлежност, во текот на постапката, студентскиот правобранител може:

  1. да побара потребни објаснувања и дополнителни нформации од органите на единиците  за наводите во претставката;
  2. да изврши непосреден увид во работите од надлежност на органите  на единиците, како и од поедини наставно-научни работници, наставниците и соработниците;
  3. да побара мислење од стручни институции;
  4. да побара од органите и лицата вклучени во наставно-образовниот процес отстранување на недостатоците кои довеле до повреда на правата на студентите.

Единиците се должни да го известат студентскиот правобранител  за превземените мерки во врска со отстранување на евентуалната повреда на правата.

Кога студентскиот правобранител ќе ја заврши постапката, за тоа го известува подносителот на претставката.

За својата работа студентскиот правобранител поднесува Годишен извештај до студентскиот парламент.

За својата работа студентскиот правобранител го известува Сенатот.

 

 



xxxx