Единици

EMail сервис


 
 
 
 
 
 

Сместување

Tритe универзитетски центри во Битола, Прилеп и Охрид, нудат сместување за студентите во студентските домови, во кои покрај сместувањето може да користат организирана исхрана. Со развојот и зголемувањето на меѓународната мобилност во рамките на Универзитетот во тек е реновирање на дел од студентскиот дом во Битола чие завршување се очекува во 2009 година. Реновираните сместувачки капацитети ќе бидат наменети само за меѓународни странски студенти и визитинг професори. Универзитетот, исто така, за потребите на меѓународните студенти и професори склучува договори со надворешни субјекти кои нудат сместување и исхрана и тоа по многу поволни услови. Студентите имаат можност за сместување и во приватни соби и апартмани. Месечното изнајмување во овие капацитети се движи од 60 и 120 евра.

Студентски дом „Кочо Рацин“ Битола
Адреса: „Студентска“ бр. 2 – 7000 Битола
Тел: +389 (0)47 255 132
Факс:  +389 (0)47 255 134
Веб страна: www.kocoracinbitola.org.mk

Државен студентски дом „Народен херој Орде Чопела“ Прилеп
Адреса: „Самоилова“ бр. 41 – 7500 Прилеп
Тел: +389 (0)48 414 524
Факс: +389 (0)48 414 523

Државен студентски дом „Никола Карев“ Охрид
Адреса: „Ванчо Николески“ б.б. – 6000 Охрид
Тел: +389 (0)46 260 232
Факс: +389 (0)46 230 090
И-мејл адреса: studom@t-home.mk



xxxx