Единици

EMail сервис


 
 
 
 
 
 

Студентски парламент

Учеството на студентите во управувањето

            Студентскиот парламент е организација во која членуваат претставници на студентите, кои ги претставуваат нивните интереси, барања и предлози.

            Во Студентскиот парламент на Универзитетот членуваат преставници од Студентските парламенти на факултетите, кои се органи на истиот.

            Членовите на Студентскиот парламент на Универзитетот ги избира Студентскиот парламент на секој факултет поодделно со мандат од 2 години врз основа на правилник за избор.

            Бројот на претставници од секој факултет во Студентскиот парламент на Универзитеот се одредува пропорцинално на бројот на студенти на факултетот, избрани врз основа на посебни критериуми пропишани во правилник.

            Членовите на Студентскиот парламент на факултетот се избрани на непосредни, фер и демократски избори од страна на студентите на факултетот со мандат од 2 години, со право на уште еден последователен избор.

            Финансирањето на Студентскиот парламент на Универзитетот и факултетите се утврдува со посебен правилник за финансирање и со Статутот на Студентскиот парламент на Универзитетот.

            Во Студентскиот парламент рамноправно членуваат и најмалку по еден претставник од студентските форми на самоорганизирање на Универзитетот утврдени со акт на Студентскиот парламент.

            Студентскиот парламент на Универзитетот има свој претседател, кој се избира на тајни и непосредни избори со мандат од 2 години без право на уште еден последователен избор.

            Начинот на кандидирање и избор се утврдува со статут на Студентскиот праламент на Универзитетот.

            Правилниците ги донесува Студентскиот парламент на Универзитетот.

            Работата на Студентскиот парлемент на Универзитетот и факултетите се утврдува со статут на Студентскиот парламент на Универзитетот.



xxxx