Единици

EMail сервис


 
 
 
 
 
 

Студенти

Статус студент

  Статусот студент се стекнува со запишувањето на прв, втор и трет циклус на студии на Универзитет, а со тоа, тој станува и член на акдемската заедница.

  Статусот студент се докажува со студентска легитимација.


Права и обврски на студентот

Студентот има право на:

  1. квалитетни студии и образовен процес како што е предвидено во студиските програми,
  2. слободно искажување на мислења и ставови во текот на наставата и другите активности на високообразовната установа,
  3. право на изјаснување за квалитетот (оценување) на наставата и наставниците,
  4. редовно студирање со статус  редовен студент и право на вонредно студирање со статус вонреден студент,
  5. редовно да напредува, да се образува и да ги заврши студиските програми утврдени при запишувањето,
  6. запишување и образование под еднакви услови утврдени со Законот, Статутот и студиската програма,
  7. учество во управувањето со Универзитетот во согласност со Законот и Статутот,
  8. заштита на своите права и должности пред органите на Универзитетот,
  9. заштита на личноста и на достоинствоито на студентот од било каква злоупотреба,
  10. други права во согласност со Статутот, актите на Универзитетот и неговите единиците 

Студентот има право да:

  1. напредува и да ги заврши студиите за пократко време од предвидено во студиската програма;
  2. студира истовремено на повеќе студиски програми од различни специјалности и да изучува дополнителни курсеви;
  3. ги продолжи студиите на друга високообразовна установа ако високообразовната установа на која е запишан престане со работа;
  4. ги користи библиотеката и базите на податоци, просторот, опремата (учебните помагала), софтверот и друга научна и стручна инфраструктура на Универзитетот и неговите единици;
  5. учествува во научно-истражувачката и стручната дејност при што му се гарантираат авторски, пронаоѓачки и слични права и награди;
  6. избира и може да биде избран како претставник на студентите во органите на високообразовните установи;
  7. користи услуги на студентскиот стандард (сместување, исхрана, здравствена заштита и друго), градски и меѓуградски превоз според условите утврдени со Закон од вршителите на соодветните дејности;
  8. ги користи универзитетските објекти за спортска и културна дејност;
  9. преминува од една на друга високообразовна установа, односно од едни на други студии и при тоа да ги користи погодностите на кредит системот:
  10. учествува во работата на студентските организации;
  11. учествува во формите на организирање на студентските организации утврдени со Статутот, актите на Универзитетот и единиците;
  12. ги продолжи студиите што ги прекинал под услови определени со Статут и Правилникот на единицата;
  13. користи распуст не помалку од 60 дена во рамките на една календарска година;
  14. добива државни или други стипендии или да користи финансиски кредит за издршка за време на школувањето;
  15. остварува соработка со студентите во земјата и во странство и
  16. остварува и други права согласно со Законот, Статутот и Правилникот на единицата.

Студентот има обврска да:

  1. ги исполнува задачите пропишани во студиските програми,
  2. ги почитува одредбите утврдени со Законот, Статутот, Правилникот на единицата и другите правни акти на внатрешното уредување;
  3. ги применува решенијата на органите на управување, ректорот, деканот, односно директорот и
  4. да дејствува во согласност со студентскиот етички кодекс подготвен и одобрен од Универзитетот во согласност со студентското претставување.

     Студентите на сите степени на високо образование кои се слепи, глуви, мајки со деца до шест годишна возраст и хоспитализираните имаат право на полагање на испити во дополнителни испитни рокови најмногу два пати во текот на годината  под услови утврдени со Правилникот на единицата.

     Правото од претходниот став студентот може да ги користи само доколку не го искористил во редовните испитни рокови.

     Правата од ставовите 1 и 2 и обврските од ставот 3 на овој член, студентот на единицата ги остварува во обем и според условите утврдени со Законот, Статутот и Правилникот на единицата.



xxxx